Вероучителите во Србија изедначени со другите наставници

Date:

Share post:

Со последните измени и дополнувања на Законот за образование, статусот на наставниците по верска настава е изедначен со статусот на наставниците на другите предмети. Тоа значи дека вероучителите сега можат да бидат ангажирани на неодредено време, со сите права што ги имаат и наставниците по задолжителните предмети.

Свештеникот Стеван Јовановиќ од Одборот за верска настава при Архиепископијата београдско-карловачка посочи дека оваа одлука е исправање на неправда стара 25 години: „Вероучителите до сега не располагаа со сигурност – сега, благодарение на новите решенија, се изедначени со наставниците од другите предмети…“

Тој додаде дека сега им се отвораат можности како и кај другите вработени за неопределено време: долгорочни кредити, право на повраток на работното место по трудничко отсуство и сл..

Дополнително, верската настава повторно го добива статусот на предмет, а досега беше сведен на статусот „слободна вештина“. Со овие измени не се менува ништо фундаментално за учениците – предметот сè уште еизборен, но враќањето на неговиот статус е симболичен чин што зборува за важноста на верското образование во образовниот систем.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Холивудските ѕвезди кај папата

Во рамките на прославата на јубилејот на Римокатоличката црква, кој се одржува на секои 25 години, папата Лав...

Бискупот Киро Стојанов се сретна со папата

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов, учествувал на генералната аудиенција, што на плоштадот Свети Петар во Ватикан...

Реконструкција на црква во Естонија затворена во времето на советската власт

Во северна Естонија, ентузијастот и долгогодишен љубител на црковната архитектура, Маргус Тамемее, го купил храмот-руината во селото Синалепа,...

Нови апсења по обидот за атентат врз митрополитот на Крим, Тихон (Шевкунов)

Руските безбедносни служби спровеле претреси во Москва, Псковската област и на Крим, во рамки на истрагата за наводниот...