Верните следбеници на владиката Петар ја продолжуваат хајката против Крушевско-демирхисарскиот митрополит Јован. Отако Петар, лично преку ТВ Алфа, пред две недели го нападна Јован, сега негови блиски соработници, преку Фејсбук, продолжуваат со напдаите.
Извесен Кирил Пишмановски, во црковните кругови познат како „молерот што стана чтец“ (чтец е прв чин по хиротесија), го обвини владиката Јован дека ширел ерес, затоа што во беседа зборувал за неодамнешната прослава на 1700 години од Никеја.
-Беседи ерес пред Дверите на Света Литургија. Бидете внимателни и будни како никогаш досега оти сатаната напаѓа од внатре лукаво и тој доаѓа во името на љубовта и на мирот и се представува како пријател. Браќа немојте да му верувате тој е непријателот на нашиот Господ, а штом е непријател на Господа тогаш е и наш непријател. Погледнете тие тврдат дека секаде има по малку Вистина и откако ќе се обединат тогаш ќе има полна Вистина. Папата не припаѓа на Црквата тој е еретик и како таков не може да биде дел од Црквата додека не се покае, а ќе се покае кога и сатаната ќе се покае. Толку кој има очи ќе види кој има уши ќе слушни. Со љубов ваш брат Македонец во Христа, напиша Пишмановски на Фејсбук.
Инаку, голем број свештеници од Преспанско-пелагониската епархија, веќе одамна алармираат до религија.мк, дека верната сенка на Петар, во епархијата се однесува како викар, со честопати омаловажувачки однос кон свештениците.
Инаки, Владиката Јован во својата беседа зборува за единството во Црквата, посочувајќи дека Папата Лав кажал добри зборови за единството, оценувајќи дека единството на христијаните е добар пат.

