ВЕЉАНОСКИ: Да простуваме, да бидеме хумани и да споделуваме радост

Date:

Share post:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, од свое лично име и од името на пратениците на Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, членовите на Светиот Архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство, на сите православни верници на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, во Република Македонија и на верниците во дијаспората, им честита големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица.

trajko veljanoski– Празнувањето на овој ден е славење на мајката Божја, која го донесе на свет синот Божји. Нејзиниот животен пат е вечен паметник за најголемиот христијански чин, а нејзината посветеност кон Бога и љубовта кон луѓето ни говорат за нејзината големина и улога во христијанството. Таа претставува вечен пример за чесност, искреност и грижливост кои се дел од основните принципи на христијанството и наши морални одлики. Низ историските текови во Македонија мајката божја е сметана за извор на безусловна љубов и мајчинство, таа е закрилник на мајките и жените и пример за бесценетоста на семејството. Силата и поддршката која доаѓа од домот се најважни во борбата со сите животни предизвици и искушенија на еден човек. Од друга страна, како христијани треба да сме насочени кон праведноста и добрината, да научиме да простуваме, да бидеме хумани и да споделуваме радост, но и да ги почитуваме највисоките морални вредности, вели во честитката претседателот на Собранието.

Вељаноски порачува искрено да веруваме во нашата сплотеност и да сме цврсто обединети во нашите цели за промовирање на православните хрисијански вредности, како и чување на духовното и културното наследство. Потребно е, истакнува во честитката, сите заедно да работиме за подобра иднина на секој граѓанин, како и на нашата држава Република Македонија.

– Вам, како и на сите православни верници од Македонија и светот, Ви посакувам празникот да го поминете во духовен мир, исполнети со многу здравје, среќа и бериќет во секој дом, стои во честитката од Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...