Вселенскиот патријарх Вартоломеј упати писмо за поддршка до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во име на патријаршијата и собранието, во кое посакува успешно да се одвива операцијата „Маслинова гранка“.
Според писмената изјава од Вселенската Патријаршија, Вартоломеј во писмото на претседателот на Турција му посакува операцијата „Маслинова гранка” да помине успешно и да придонесе за повторно воспоставување на мирот во Сирија, а исто така и во Турција“.
A.A.

