Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе пристигне в недела на 30 јуни во Софија на денот на изборот на новиот бугарски Патријарх.
БПЦ го објави протоколот за ицрковно-народниот изборен собор, што ќе се одржи следниот викенд на 29 и на 30 јуни во Софија.
Настаните почнуваат со вечерна богослужба во 18 часот, по бугарско време, во старата црква Света Софија. Службата ќе ја води Неврокопскиот митрополит, а на нејзе ќе присуствуваат поглаварите и претставниците на помесните православни цркви.
Црковно-народниот изборен Собор почнува на 30 во 8 часот во салата на БАН – Бугарската академија на науките, каде покрај владиците присутни ќе бидат и делегатите кои уччествуваат во гласањето.
Според протоколот гласањето треба да почне од 9.15 и д атрае до 12 часот.
Паралелно со тоа, делегациите на помесните цркви, меѓу кои Вселенскиот патријарх во катедралната црква Света Недела ќе биде отслужена трисагија за починатиот бугарски патријарх Неофит.
Името на новиот патријарх треба да биде познато до 14.30.
Потоа во катедралната црква Свети Александар Невски да се случи интронизацијата, а новиот патријарх да отслужи молебен.

