Обраќање на Неговата Сесветост, Вселенскиот патријарх Вартоломеј до украинскиот народ:
„Од центарот на Православието, Фанар, ви се обраќаме вам, возљубени духовни чеда, на овој посебен ден, 24ти август 2022 година, 31вата годишнина од украинската декларација за независност. Ви испраќаме срдечни поздрави и ви ја нудиме својата татковска љубов на сите вас кои во овие тешки времиња ја браните својата татковина од туѓиот агресор.
Историјата ја поврза Украина со Вселенската Патријаршија уште на крајот од 10тиот век, кога Св. принц Владимир, кој „како мудар трговец во потрага по скапоцени бисери“ испрати свои претставници во Константинопол, каде што го пронајде Христа, бесценетиот бисер. Оттогаш, Мајката Црква на Константинопол, секогаш беше покрај вас, делејќи ги вашите радости и таги.
По милоста Божја, последнава година, ја имавме честа да земеме учество во прославата на Денот на независноста во Киев за време на нашата прва патријаршиска посета на вашата гостољубива земја, откако ви беше доделен томос за автокефалија. Минатата година беше време за прослава и радост, но за жал, кога баравте добрина, дојде зло, кога ја чекавте светлината, настапи мрак, дојде време за испитанија.
Со голема тага и ужаснатост, минатиот февруари, дознавме за неправедниот напад на Руската Федерација врз вашата земја, чин на грубо кршење на меѓународниот закон. Оттогаш, грижливо го следевме текот на војната и нејзините политички, економски, социолошки и еколошки последици.
Сметаме дека ниту една Црква, ни било кој Христијанин, не треба да оправдаат или поддржат било каква форма на агресија, користејќи религиозен јазик. Повикани да бидеме миротворци, ние вистинските Христијани мора да ги поддржиме сите инцијативи за спречување на конфликт преку дијалог кој раѓа разбирање и помирување.
Постојано издигнувајќи ги своите молитви кон Мајката Божја, за да даде мир и правда за Украина, го молиме нашиот Господ никој да не стравува за својата фамилија. Исто така, го молиме Семоќниот, нивните херојски синови и ќерки да не најдат смрт, бранејќи ја својата татковина.
Доблесниот украински народ не нападна никого, туку беше принуден да ги брани својата земја и своите домови. Нека Семилостивиот Господ ве утврди сите вас, за да ги поднесете овие многу тешки искушенија и да го понесете тешкиот крст. Нашиот Спасител, Исус Христос рече: Каде сум јас, таму ќе биде и Мојот слуга (Јн. 12,26). Знајте дека Господ е секогаш со вас, дека оваа лоша и неправедна војна ќе заврши, злото никогаш нема да го победи доброто; мракот никогаш нема да ја надвладее светлината. После страдањата и маките, ќе блесне Христовата светлина и мирот ќе завладее во Украина.
Денес, со многу татковска љубов, ве утешуваме и ви го испраќаме на сите вас – граѓански и црковни власти, вооружени сили, пожртвувани медицински лица, воспитувачи, бегалци низ светот, сите украински жители и секој што е со добра волја – нашиот патријаршиски благослов, посакувајќи „Господарот на мирот да ви даде мир во сите времиња и да биде со сите вас“ (2. Сол. 3,16).“


Да не беше Евромајдан 2014 со преку 100 мртви и Масакрот во Одеса , по кој фашистите ја преземаа власта во Киев , со благослов од Евробољшевиците од Брисел, сето горенаведено од страна на почитуваниот Патријарх ќе имаше смисла. После овој текст од Патријархот, треба ли да заклучам дека убивањето на 14 000 луѓе во Донбас од 2014 до денес , е оправдано? за жал, Патријархот “заборавил“ на жртвите од нацистите и како истите дојдоа на власт во Киев!