Вартоломеј до Партениј: Се надевам дека Охридската архиепископија ќе се движи во канонскиот поредок за да добие томос

Date:

Share post:

Се надевам дека Охридската Архиепископија ќе се движи во рамките на канонскиот поредок, како би дошол моментот да го добие светото канонско признавање на автокефалноста.

Ова е пораката која ја испратил вселенскиот патријарх Вартоломеј до епископот и игумен на Бигорскиот манастир г.Партениј кој деновиве заедно со дел од братството и сестринството на МПЦ-ОА е во посета на островот Имврос во Турција каде што учествува во прославата на Успение на Пресвета Богородица.

Делегацијата на МПЦ-ОА, како што е објавено на веб-страницата на Бигорскиот манастир, пристигнала на островот на 13 август каде што била пречекана од страна на митрополитот на Имврос и Тенедос г. Кирил.

За време на посетата на Имврос, во селото Агридија бил организиран свечен пречек на вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој потоа имал обраќање во храмот посветен на Благовештението на Пресвета Богородица.

Тој посебно и со благодарност го поздравил присуството на епископот Партениј и неговата монашка придружба, истакнувајќи дека „во празничните денови тие благословуваат и ја пренесуваат љубовта и почитта од еден друг православен народ чијашто ориентација е заснова на древната Охридска Архиепископија“.

„Вселенскиот патријарх ја искажа и својата надеж дека Охридската Архиепископијата ќе се движи во рамките на канонскиот поредок, како би дошол моментот да го добиете своето канонско признавање на автокефалноста“, се наведува во соопштението на Бигорскиот манастир во кое се информира за посетата на Имврос.

Во одговорот до вселенскиот патријарх, владиката Партениј, меѓу другото, ја истакнал неговата заслуга за жртвата со која, како што се наведува во соопштението на Бигорскиот манастир, нè вовел во заедницата на православните цркви и што ја искажал својата верба и надеж дека за скоро време ќе бидат надминати сите проблеми и дека МПЦ-ОА ќе го добие очекуваниот томос од Вселенската патријаршија.

/360 Степени

2 COMMENTS

  1. Navistina da ne bese nadezta deka sto i da pravime nie i oficijalnite svesteni lica e za podobro, e za nadminuvanje na postoeckite problemi koi se talozele so godini, e za site za se , ne za poedinci, mislam ne ke stignese nasata MPC ni do prviot tomos , od SPC .Zlatno pravilo e krajot go krasi deloto.Mozebi naplastenite sloevi problemi i siot angazman okolu resavanje ke bidat pouka deka dosta e na toj den problemot ,ne treba da dodavame poveke.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Бугарскиот патријарх по стапките на Кирил и Порфириј – сака да заузда секакво критичко мислење во Црквата

Бугарскиот патријарх Даниил почна да ги користи методите на српската и на Руската православна црква, со цел да...

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...