Вартоломеј: „Богохулство е да се нарекуваат ’војници на Христос‘ оние кои добиле наредба да одземаат човечки животи“

Date:

Share post:

Во проповедта по повод празникот на светите маченици Мина, Виктор и Викентиј во црквата во Ипсоматија, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј изјави дека е „богохулство“ да се употребуваат христијански симболи и називи, како „војници на Христос“ или „херои на верата“, за оние кои во име на верата убиваат луѓе. Тој појасни дека христијанскиот живот не може да се редуцира на вооружен конфликт, ниту пак да се оправдува со името на верата. „Духовната борба против страстите нема ништо заедничко со трагедиите што се одвиваат во Украина. Како што сме кажале многупати, оваа војна не е „света“ — таа е ѓаволска. Богохулство е да се нарекуваат ’војници на Христос‘ оние кои добиле наредба да одземаат човечки животи во име на Оној што даде Живот“, рече тој.

Аналитичарите заклучуваат дека говорот, сепак, има поинакво значење кога ќе се стави во поширокиотконтекст. Имено, дека Патријархот јасно го критикува користењето на религиски метафори за оправдување на војни и насилство, истакнувајќи ја автентичната смисла на христијанската служба — како дејствување за Бог и за ближниот — и ја поврзува со состојбата на православните заедници во Истанбул и пошироко. Коментарот прозвучува и како осуда на секое злоупотребување на верата за оправдување на оружени дејствија, воопшто.

Овој став ја потврдува позицијата на Вселенската патријаршија дека верската слобода и суштината на верата не смее да се мешаат со политиката, туку треба да останат посветени на духовните вредности.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Украински пастор убиен во напад со дрон додека превезувал храна и лекови

Пасторот Леонид Скуматов останал во својот роден град Мирноград, во Источна Украина, до самиот крај, иако градот постојано...

Папата Лав XIV на средба со жртви на свештеничко насилство во Белгија

Папата Лав XIV во петокот попладне се сретнал со петнаесет лица од Белгија кои како деца биле жртви...

Албанскиот Архиепископ на средба со Папата

Архиепископот на Албанија, Јован, пред неколку денови се сретнал со папата Лав XIV. Средбата се случила на маргините...

Зохран Мамдани на прва петочна молитва по победата: првиот муслиман во историјата на чело на Њујорк повика на правда и инклузивност

Новоизбраниот градоначалник на Њујорк, Зохран Мамдани, учествуваше на својата прва петочна молитва по изборната победа во џамија во...