Украдено платно со крв од Папата Јован Павле Втори

Date:

Share post:

keln crkvaПлатно со капка крв на поранешниот папа Јован Павле Втори е украдено од катедралата во Келн, пренесе Танјуг.

Исчезнувањето на реликвијата го пријавил посетител, соопштуваат од германската полиција.

Реликвијата била чувана и изложена во стаклен сад кој се наоѓал под скулптурата поставена во знак на сеќавање на посетата на папата во Келн во 1980-та година.

Папата Јован Павле Втори беше поглавар  на римокатоличката црква од 1978 до својата смрт во 2005 година.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img