Почетна Вера ИВАНОВ: Деновите на пост се можност да се покаже великодушноста
ИВАНОВ: Деновите на пост се можност да се покаже великодушноста

ИВАНОВ: Деновите на пост се можност да се покаже великодушноста

19
0

Ivanov slika 1„Рамазан е најсветлиот месец во исламот, месец на пост, молитва, солидарност и милост. Деновите на постот се можност да се покаже великодушноста и да им се помогне на сиромавите, со надеж за милост, бериќет и проштевање на гревовите пред портите на рајот, пишува Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во честитката за почетокот на рамазанските пости, испратена до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, Реис-ул-Улема Хаџи Сулејман ефенди Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.

-Во месецот кој го слави духовното и телесното прочистување, посакувам сите верници од исламска вероисповед преку својата вера, посветеност и молитва да се присетат на благословите на големиот светец и да ги споделат со семејството и блиските. Длабоко се надевам, дека преку искушенијата на постот, верниците од исламска вероисповед ќе се поведат по највозвишените вредности – трпеливоста, воздржаноста, дисциплината и мудроста, пишува во честитката Иванов.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *