Турција систематски ги прогонува христијаните под изговор на „национална безбедност“

Date:

Share post:

На конференцијата за човекови права на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), што се одржува во Варшава, Лидија Рајдер, адвокат од меѓународната организација за човекови права ADF International изјавила дека турската влада систематски ги прогонува христијаните, прикривајќи го тоа под изговорот на „национална безбедност“.

Според ADF International, стотици странски верници биле депортирани, а домашните протестантски заедници останале без духовни водачи.

„Изедначувањето на христијаните со „закана за безбедноста“ претставува злоупотреба на законот и директно кршење на слободата на вероисповед,“ нагласил Рајдер.

Случај пред Европскиот суд за човекови права

Овие практики веќе се предмет на разгледување од Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) преку случајот „Уист против Турција“, кој може да стане преседан во заштитата на верските слободи во Европа.

Од 2020 година досега, над 200 странски христијански свештеници и нивните семејства биле протерани од Турција, со што вкупниот број достигнал околу 350 лица. Многумина од нив живееле во земјата со децении. Министерството за внатрешни работи на Турција им доделило „безбедносни кодови“ N-82 и G-87, со кои автоматски им се забранува влез во земјата, означувајќи ги како „закана за националната безбедност“. Само помеѓу декември 2024 и јануари 2025 година, најмалку 35 христијани добиле вакви кодови, што довело до тоа многу протестантски заедници низ Турција да останат без пастори и духовници.

Правни и верски последици

ADF International во моментов застапува повеќе од 30 жртви кои ги оспоруваат овие забрани во турските судови и пред ЕСЧП.

Иако турскиот устав гарантира слобода на вероисповед, организациите за човекови права и правна помош предупредуваат дека реалноста е спротивна:

  • Забраните за влез и депортациите се користат како средство за притисок врз христијаните.
  • Богословските институции остануваат затворени, вклучително и познатата Халки семинарија, додека протестантските училишта немаат правен статус.
  • Предавањето на Библијата е забрането, додека исламските курсеви функционираат под државен надзор.
  • Локалните заедници губат свои молитвени домови, како во случајот со протестантската црква во Бурса, која мораше да ја напушти зградата во која служела со години.

Религиозната слобода под закана

Случајот „Уист против Турција“ се смета за лакмус тест за иднината на верската слобода во регионот. Тужителот – американски државјанин кој живеел во Турција повеќе од 30 години – бил без причина лишен од правото за влез во земјата, без докази за какво било незаконско дејство.

„Религиозната слобода е невозможна ако верниците живеат под постојана закана од депортација само затоа што се молат,“ рече Рајдер. ADF International бара итно укинување на дискриминаторските забрани и на т.н. „безбедносни кодови“ наметнати врз христијаните само поради нивната вера.

Правните бранители предупредуваат дека растечкиот религиски национализам во Турција води кон системски ограничувања за сите немуслимански заедници – од пречки во богослужението и верското образование до државен надзор и депортации. Организацијата нагласува дека слободата на верата е темел на секое слободно општество и нејзината заштита мора да остане приоритет на меѓународната заедница.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Борба со сенката на историјата – Турција повторно го негира вселенскиот статус на Цариградската патријаршија: меѓу верата, политиката и државниот национализам

Анкара тврди дека титулата „вселенски“ нема правно значење, но европските институции предупредуваат на нарушување на верската автономија Турција повторно...

Свештеник на УПЦ – Московска Патријаршија обвинет за убиство по тепачка во манастирот „Воздвижение на Чесниот Крст“

Прокурорите од Обласното обвинителство во Хмелницки, Украина, поднесоа обвинителен акт против 46-годишен свештеник за нанесување на тешка телесна...

Украински пастор убиен во напад со дрон додека превезувал храна и лекови

Пасторот Леонид Скуматов останал во својот роден град Мирноград, во Источна Украина, до самиот крај, иако градот постојано...

Папата Лав XIV на средба со жртви на свештеничко насилство во Белгија

Папата Лав XIV во петокот попладне се сретнал со петнаесет лица од Белгија кои како деца биле жртви...