Претстојателите на Црквите заедно во Англија издадоа заедничко соопштение на 6 август, повикувајќи ги своите заедници и општеството да работат заедно за да се стави крај на расизмот, поделбите и нередот.
„За жал, бевме сведоци на насилни, расистички напади и заплашувања на нашите улици“, се вели во соопштението. „Расизмот нема место на нашите улици или во општеството и не треба да се поттикнува во заедниците или на интернет.
Во соопштението се потврдува дека полицијата се соочила со неприфатливо ниво на насилство и неред во напорот да го зачува мирот на улиците. „Ние сме благодарни за работата на службите за итни случаи коишто се изложија на опасност за да го заштитат општествениот простор “, се вели во соопштението. „Ние сме благодарни на заедниците кои се собраа да помогнат во расчистувањето, демонстрирајќи на тој начин одлучност да им служи на доброто на сите.
Во соопштението, исто така, се изразува благодарност до локалните цркви ширум земјата кои обезбедуваат место за засолнување и прибежиште на луѓето. „Да работиме сите заедно да ставиме крај на овој невиден неред, да го вратиме мирот и да ја излекуваме нашата нација“, се заклучува во соопштението.
/doxologiainfonews.com


