Трајковска: Верските заедници не шират омраза, тензиите доаѓаат од други фактори, не од верските заедници

Date:

Share post:

Верските заедници придонесуваат за смирување, а не за подгревање на меѓуетничките тензии, вели Оливера Трајковска директорка на Комисијата за односи со верските заедници во интервју за агенцијата МИА. Таа вели дека тие не придонесуваат за развивање на меѓусебна омраза, туку пропагираат мир и толеранција, а дека нашата земја е пример за тоа како различните верски заедници можат одлично да функционираат меѓу себе.

-Факт е дека во нашата држава постојано имаме иницирање на одредени меѓуетнички тензии што дефинитивно доаѓаат од други фактори но не и од самите верски заедници затоа што верските заедници секогаш промовираат толеранција и мир и факт е дека тие помеѓу себе соработуваат за секое важно прашање, изјави Оливера Трајковска, директорка на КОВЗ.

Но колку во нашата земја е застапен верскиот радикализам и фанатизам, особено поради тоа што во декември минатата година беше откриена група поврзана со Исламската држава, за кое и самиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека тие планирале терористички напади во земјава. Трајковска смета дека такви појави има се повеќе.

Верскиот радикализам и фанатизам е отстапување од основното традиционално учење на исламот За жал во поново време се повеќе се соочуваме со такви случаи не само кај нас во Македонија туку и ширум светот. Мислам дека тоа пред се се должи заради отпаѓање на луѓето од традиционалната вера, изјави Оливера Трајковска, директорка на КОВЗ.

Трајковска сепак не можеше да каже колку кај нас е застапен верскиот радикализам бидејќи како што истакна тие податоци ги има МВР и Агенцијата за национална безбедност, а во овој дел Комисијата за односи со верските заедници има целосна соработка со нив.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...