Во навечерието на празникот Рождество на Пресвета Богородица, во истоимениот храм во Скопје. пристигна копија на познатата икона „Трирачица“ од манастирот Хиландар на Света Гора.
Иконата ја донесе игуменот на хиландарска обител, Архимандритот Методиј, во придружба на уште неколкумина хиландарски монаси.
Иконата беше пречекана од Архиепископот Охридски и Македонски Стефан, Митрополитите Иларион, Јосиф и Епископот Јаков.
По внесувањето на иконата во храмот „Рождеството на Пресвета Богородица“, беше отслужена Празнична вечерна богослужба на којашто со благослов и во молитвено присуство на Неговото Блаженство, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Иларион.
На Вечерната беше извршена и голема Литија околу центарот на Скопје, на којашто учествуваа голем број верници.
По Молитвениот собир, Архиепископот одржа беседа, а потем, во благодарност за донесената икона, Архиепископот му подари на, Неговото сепреподобие, архимандритот Методиј граден крст, а на семејството Андревски, по чија иницијатива доаѓа иконата, му го додели Архиепископското одличие „Архиепископ Доситеј“.