Торжествена литија на чесниот крст во Бигорски

Date:

Share post:

Првата недела на велигденскиот пост, или наречена „Недела на Православието“ во Бигорскиот Манастир и во Манастирот во Рачица, беше одбележана со величествена литургија.

-И како што е блескав овој победнички празник, блескава беше и атмосферата во нашата Свештена Бигорска Обител на бдението, а особено на Светата Литургија, со која чиноначалствуваше нашиот богољубив Старец, Архимандрит Партениј, во сослужение со браќата јеромонаси и јероѓакони. Посебно, пак, празнично обележје и печат на богослужение беше торжествената литија со Чесниот Крст и светите икони, после која Старецот, пред многубројниот надојден народ, свечено го возгласи Синодиконот од Неделата на православието со кој „годишно должно благодарение Му принесуваме на Бога… и на оние кои доаѓањето на Бога Словото во тело, со збор, усни, срце и ум, писмо и икони го исповедаат…“, велат од Бигорскиот манастир.

ГАЛЕРИЈА:

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img