Тиктокерка се јавувала по цркви барајќи помош за бебешка храна – каков одговор добила?

Date:

Share post:

Американската тиктокерка Никали Монро веќе неколку недели објавува видеа во кои се јавува на различни цркви со едно едноставно, но болно прашање: дали би помогнале да се нахрани моето гладно бебе?

Во објаснувањето на својата идеја, објавено на 31 октомври, таа вели дека станува збор за социјален експеримент. Монро не бара вистинска помош за бебе, сака да види како верските заедници реагираат кога некој очајно бара формула за новороденче.

За да изгледа повратно и реално, таа често пушта снимка од плачливо бебе во позадина додека разговара. Досега, таа се јавила во 42 цркви. Шокантно, 33 од нив одбиле да помогнат.

Дел од нив насочиле кон други организации или институции, но не понудиле лична или непосредна помош. Еден соговорник дури и ѝ спуштил слушалка, веднаш по одбивањето.

Во видеата што брзо се шират на социјалните мрежи, се слуша како Никали вели: „Имам бебе од два месеци, останав без формула синоќа… Таа е гладна. Сакав да прашам дали има начин да помогнете.“

Коментарите под видеата се преполни со реакции, луѓе кои ја критикуваат неподготвеноста на многу цркви да помогнат, поставуваат прашања за нивните финансии, нивните даночни привилегии и нивната улога во заедницата. Други пак предлагаат нови цркви или религиски центри кои би можеле да се тестираат.

Интересно е што според досегашните видеа, токму малите локални заедници се покажуваат како најспремни да помогнат. Еден посебно трогателен момент што собра речиси шест милиони прегледи е телефонскиот разговор со Исламскиот центар во Шарлот. Човекот што се јавил веднаш рекол „да“. Во подоцнежен видео-разговор објаснил: „Секоја црква или џамија вреди онолку колку што вредат луѓето што работат во неа… Кога некој бара помош, тоа не е товар, туку можност да направиш добро.“

Друг видео-хит со над пет милиони прегледи е разговорот со пастор од мало населено место во Кентаки. Тој не само што веднаш прифатил да помогне, туку прашал и каков тип формула ѝ треба. Поради неговата топлина и човечност, интернетот го нарече „Апалачки дедо“.

Во следното видео, Никали го посетува пасторот лично, а тој раскажува дека сите донации кои почнале да пристигнуваат откако клипот станал вирален, ќе бидат насочени директно кон семејствата во заедницата, влучително и со обезбедување оброци за Денот на благодарноста и Божиќ.

Експериментот на Монро останува жешка тема на социјалните мрежи. Некои го поздравуваат како храбар начин да се потсети јавноста на суштинската улога на верските заедници, да им помогнат на луѓето кога им е најтешко. Други сметаат дека експериментот е неправеден или манипулативен.

Но, неизбежно е дека предизвикал разговор за тоа како институциите со морални и духовни претензии реагираат кога пред нив стои човечка потреба.

/buzzfeed.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Немам непријатели, сите ги убив!

Во септември патував за Вашингтон, на покана од фондацијата „Слободна Русија“. Таму се сретнав со американски функционери, аналитичари...

Во Волос се одржал Вториот музички симпозиум на црковни псалтки

Во првите денови од ноември во грчкиот град Волос се одржал Вториот музички симпозиум на тема „Жените и...

Тешка финансиска криза во Православната црква во Чешка: свештениците без плати, без осигурување и пред ризик од губење на црковните права

Православната црква во Чешка се соочува со најтешката финансиска криза во својата поновa историја. Според истражување на чешкиот...

Кејт Бланшет, Спајк Ли и Лесли Ман во Ватикан: холивудски ѕвезди на посебна средба со Папата Лав XIV

Холивудските актери Кејт Бланшет, Спајк Ли и Лесли Ман присуствувале на специјална средба во Ватикан, организирана за филмските...