Светогорскиот манастир Симонопетра доби дел од моштите на Свети Гаврил Епископ Велички

Date:

Share post:

Манастирот Симонопетра на Света Гора во Грција на подарок доби дел од моштите на македонскиот светител Свети Гаврил Епископ Велички. Подарокот го врачи митрополитот Брегалнички Иларион кој со неговата придружба беше во посета на Света Гора Атонска. За време на престојот митрополитот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија посети повеќе манастири и се сретна со неколку игумени и повеќе Атонски старци.

-Со многу љубов и посебно внимание беше пречекан во манастирите Хиландар, Дохијар и Симонопетра. Митрополитот г. Иларион им подари свети мошти од Светиот Гаврил Епископ Велички, Светогорец, на отците од Симонопетра  тамошните возрасни монаси кои што лично го знаеја него и неговиот подвиг и заеднички го започнале монашкиот живот, ги примија со небоземска радост, пишува во објавата на Фејзбук страницата на Брегалничката епархија.

Симонопетра (“Симонова карпа”) е православен манастир на Света Гора во  а кој се наоѓа на 13-то место во хиерархијата на светогорските манастири. Манастирот се наоѓа на јужниот дел од Светогорскиот полуостров, помеѓу пристаништето Дафни и манастирот Григоријат. Изграден е на врвот на една огромна карпа, кој практично виси на 330 метри над морето.

Меѓу бројните реликвии кои што се чувата во овој манастир се и раката на Марија Магдалена, честичка од Светиот Крст…

Свети Гаврил Епископ Велички е прогласен за светител на МПЦ-ОА во 2017 година. Тој е роден на 10 март 1926 во Штип, починал на 12 јануари 1990 во Лесновски манастир.

Со световно име Мијалче Парнаџиев тој работел како професор по уметност и историја на уметноста во гимназијата и Учителската школа во Штип. Во 1963 година ја оставил световната служба и заминал на Света Гора, каде што се здобил со големо аскетско искуство. Таму бил замонашен во манастирот Свети Павле со монашко име Гаврил. Во Македонија се вратил 1971 година каде престојувал во повеќе манастири. Во декември 1975 г. бил назначен за игумен на Лесновскиот манастир. На 28 август на празникот Успение на Пресвета Богородица во 1989 година бил хиротонисан за епископ со титулата „Велички“.

/Скопско ехо

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Бугарскиот патријарх по стапките на Кирил и Порфириј – сака да заузда секакво критичко мислење во Црквата

Бугарскиот патријарх Даниил почна да ги користи методите на српската и на Руската православна црква, со цел да...

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...