Света Гора: Расколничката движења ги радуваат само непријателите на Црквата

Date:

Share post:

Светиот кинотис на Света Гора (раководниот органи на Атонска монашка заедница) го објави своето официјално мислење за прифатените документи од архиереите-учесници во Светиот и велик собор на островот Крит.  Тој став е испратени до сите 20 канонски светогорски манастири.

sveta-gora-11Мислењето е изготвено од петчлена светогорска комисија, која имаше задача да ги проучува текстовите и да ги консултира светогорските манастири.

Од текстот на мислењето станува јасно дека светогорците ги сметаат за многу важни за Православната Црква текстовите на документите, но и потребата да бидат појасни за да не се остави можност за нивно толкување во екуменскито дух, за да се смират духовите не само на т.н. Зилоти , но и на оние разумни христијани кои веруваат дека текстовите треба да бидат појасни на одредени места.

Светогорските монаси не гледаат богословски проблем во користењето на името “цркви” за инославните христијански заедници. Во мислењето на Атонските монаси се истакнува дека во документот Односите на Православната Црква со останатиот христијански свет е изложено правилно учењето за едната Христова Црква и дека инославните христијани треба да се вратат во единството на Едната, Света, соборна и апостолска Црква. Според нив текстот јасно вели дека називот “цркви” за инославните христијани не значи дека Православната црква го признава постоењето на многу цркви, туку дека тоа име е средство за комуникација со инославните христијани, за да се вратат тие во единството на Црквата.

Мислењето завршува со повик до сејачите раскол во Црквата да покажат трезвеност и благоразумност, бидејќи “мнозинството архиереи, присуствувале на Соборот .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...