Во округот Шевченков, во главниот град на Украина, по наредба на свештеник на Украинската православна цркца под Московската патријаршија (која пред извесно време прогласи независност), беа исечени околу 40 здрави дрвја кои растат во зелената зона.
Ова го соопшти Киевскиот еколошки и културен центар, пренесува TyKyiv.
Дрвјата чиј пречник на стеблото достигнуваше 120 сантиметри, растеа на улица „Захоривска“ бр. 4, на територијата што подолго време самоволно ја зазема блиската црква „Теодор Освешени“ при УПЦ-МП.
„Тие беа отсечени самоиницијативно, тоа го направи свештеник на Московската патријаршија. Овие дрвја се наоѓаат на територија која воопшто не му припаѓа“, велат од КЕКЦ.
Локалната жителка Људмила Омелченко, која беше сведок на уништувањето на дрвјата, потврди дека тоа е иницијатива на локалниот „баќушка“ на црквата при Московската патријаршија. Според неа, свештеникот наредил да се уништат дрвјата за да се изградат нови црковни објекти на узурпираната територија.
Свештеникот им рекол на мештаните дека дрвјата се скапани. Воедно од објавените фотографии се гледа дека биле во добра состојба.
/doxologiainfonews.com

