Свештеник на РПЦ прибегна кон апелативното право на Вселенскиот Патријарх

Date:

Share post:

Рускиот свештеник отец Јован Ковал од московскиот храм „Свети Андреј Првоповикан“ во Љублино, којшто беше лишен од чинот од страна на Рускиот Патријарх Кирил, беше вратен во служење од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. Отец Јован беше казнет зашто во „Молитвата за Светата Рус“ , испратена за задолжително читање во сите храмови, го заменил зборот „победа“ со „мир“, односно место да каже „притекни, Боже, на помош на Твоите луѓе и подај ни победа со Твојата сила“, тој се молел „подај ни мир со Твојата сила“.

Отец Јован поднел жалба до Синодот на Вселенската Патријаршија, кој „заклучи дека причините поради кои тој е казнет, не се црковни, туку е поврзано со неговата позиција за војната во Украина“. Било донесено решение отец Јован Ковал да премине во служење под омофорот на Вселенската Патријаршија.

20 COMMENTS

  1. Може така, ама не во Русија. Тоа е веќе грубо кршење на канонскиот поредок, и тоа од страна на Цариградскиот Патријарх кој со ова даде јасен сигнал зошто не смееме да го нарекуваме Вселенски. Навредениот свештеник може да си замине од Руската Федерација и да биде распореден во некој храм во област под јурисдикција на Цариградската Патријаршија. Оној којшто не е подготвен на страдање, кој не може да биде послушен кон Патријархот на Црквата во којашто духовно се родил, во Неа дури бил и ракоположен за свештеник, оној којшто нема доверба во своите лични молитви во срцето на својата тајна одаја (тајно можел да се моли за мир, па ако навистина нашол милост пред Бога, ако е навистина толку праведен и христоподобен како што сака да се прикаже, Бог ќе му ја услишеше молитвата и ќе настапеше мир, ако треба и за еден ден) туку мора гордо да се топори на литургија правејќи се попаметен и посмирен од сите свештенослужители, а не коже да остане ни смирено да си го носи својот крст откако е веќе расчинет – какво свештенство да очекуваш од него?! Тој не му останал верен на Патријархот, на видливиот Христос, не се смирил во искушенијата, под маска на некаква безгранична љубов ја прегазил сета Помесна Црква од која произлегол – како ќе Му биде верен на Невидливиот Христос, значи? Има илјадници подвизи што Го приближуваат човекот до Престолот Божји давајќи му да учествува во Животот, па дури и во Планот Божји. “Благоликиот” отец Јован за кого зборувате уште не стигнал да ги сфати ни најелементарните основи на Евангелието коешто требаше (ехеееј!) не само да го сведочи, туку и да го проповеда. Барал човечка правда – нашол човечка утеха. Ама тоа е четиво за чиновници, не е за свештенослужители (вистинските меѓу нив ја бараат Божествената утеха и власт, заради која и ги носат тие одежди).

  2. Страста на Цариградскиот патријарх – цезаропапизам! на жалост, присутна од 1922год, до денес!

  3. Ангелина … ,,видливиот Христос,, во овој случај многу непрепознатлив … казната еднаква на делото … убиство, прељуба, крадење од касата, опивање и дрогирање, среброљубие, педофилија и садомазохизам … како можеше така свештеникот да погреши, срамота голема … ако ,,видливиот Христос,, беше без милост, прошка, љубов, без поука и укор, без целосен татковски пристап, сигурно ќе го пратеа свештеникот во некоја селска парохија на некое време, да си ја разбере и порпави грешката … вака, тоа е … и друго … тој ,,видлив Христос,, се молеше малку поинаку кога Пригожин тргна кон Москва … мислам дека се молеше за мир, а не за победа, ама не сум сигурен …

    Миле Ѓорѓевиќ … поголем цезар и поголем папа од Рускиот Кирил нема, нити некогаш ќе има … а можно таму и да се појави некој поголем од овој … само, проблемот е во рубљите бате … кај што врти рубљата, не врти бургијата денес … оди само таму да ги погледнеш мизериите нивни, па после да зборуваш и да пишуваш … но, оди и до Цариград па живеј таму некој ден како православен да те видам … па вели од 1922 година … ти околу тебе не знаеш што се случило вчера, па ќе пишуваш за 1922 година …

    • Ѓорѓи, види ја само историјата на промената на православниот календар , и ќе видиш од каде потекнува цезаропапизмот! Директно од Цариград, од 1922!

  4. Миленце, ех мој Миленце… Така е кога се бега од часови по историја. Кој беше претседател на комисијата за промена на календарот во 1923 г.? Или поточно: кој е авторот на реформираниот јулијански календар (денес во употреба во најголемиот дел од православните помесни автокефални цркви)?
    Или вака формулирано прашање за авторството на реформираниот јулијански календар не смее да се поставува во руско – српскиот свет и неговите сателити.

    п.с.
    За разликата меѓу Грегоријанскиот, Јулијанскиот и реформираниот јулијански календар нема да те прашувам. Тоа е сепак прашање за 10-ка и поконкретно познавање на проблематиката.

    п.п.с.
    За скромна 6-ка само гола фактографија: Кој е авторот на реформираниот јулијански календар?

    • Цариград, од 1922 е генератор на проблемите во православието! Сите тоа одлично го знаат, од промена на календарот, до симнување на анатемата кон католиците, до непризнавањето на Православната црква во Америка , и итн. , административно и догматски! До денешен ден, филмот продолжува! А томосот за МПЦ, ќе го издадат ‘ у теко на веко’ ! Само да одобри Вашингтон!

  5. Миле … јас верувам во Господ Бог Троичен, а не во календарот … а, календарот секогаш се променува и тоа со Благослов. А поголемо нешто од Благословот нема. Цезарите си се за цезарите, папите за папите. Тоа мене не ме интересира. Јас не се допирам ни до Рускиот ни до Константинополскиот. Вие тоа го правите и тоа без потреба. Тоа ви кажувам јас, на тоа ви одговорив и тоа е мизеријата …

    • И Цариград верува, ама шурува со шизматиците ( Ватикан) од 12ти век, па така Господ допушти , од 1453 да биде под турска власт!

    • Сите се молат за мир, а мирот никако да дојде! За каков мир се моли човекот? Христос вика: јас дојдов да донесам меч, а не мир! Мир по секоја цена! За таков мир, Христос не дојде! Не дојде Христос,да се изедначат лагата и вистината!

  6. Така е, една од најубавите икони што ја имав, реплика од древна македонска фреска: Христос со меч! Инаку, за оние што велат ‘Православието е љубов’… Не можеш да љубиш ако не наоѓаш сила да си го носиш крстот, да ги победуваш искушенијата, да стоиш на местото Христово, да ја пиеш чашата што ти ја дава Отецот Небесен. Една таква ревност (на крајно самоодрекување) и таков фанатизам поместуваат планини. Се’ друго е ‘бајрам со умот’. Не дојде Христос да донесе мир, не затоа што не го сака мирот, туку затоа што војната со сатаната за човештвото се’ уште не е завршена. Какви се’ облици и размери ќе земе таа војна не е важно, она што може да го направи човекот е од своето место да ги исполнува заповедите Божји толку колку што знае и умее (според откровението што го има од Бога или како што се научил од својот духовен отец). Притоа, се разбира, мнозина ќе ги исполнуваат заповедите Божји на различен начин (бидејќи не се сите на еднакво духовно рамниште ниту сите имаат исти духовни дарови ниту сите имаат иста мистична ипостас, што би рекол Апостолот Павле ‘и ѕвезда од ѕвезда се разликува’. Но, победуваат само оние коишто бескомпромисно настојуваат да растат во богопознанието, или во самопознанието ако сакате, оние што ќе растат од сила во сила, не тие коишто просто се лулаат на крилата на утехата, примајќи ја напразно благодатта Божја, постојано говорејќи за Бога, а всушност бегајќи од Крстот Христов, од своите страдања заради делото Божјо. Се восхитив од последните реченици на Миле Ѓорѓевиќ.

  7. Нарацијата почнува да мириса на Исламска држава во православно- руска обланда со српски светосавски националистичко-шовинистички мирудии.
    Пишувам во повеќе прилики: добродојде за МПЦ во руско-српскиот свет.
    За ова поимање и проповедање постои закон по кој институциите мора да реагираат. Во спротивно следно ќе се паравоени кампови за деца и младинци со православен предзнак. Тоа е тоа руско-српско православие без љубов.
    Повторувам: за ова постојат закони и институции. После ќе е доцна.

  8. Нарацијата почнува да мириса на Исламска држава во православно- руска обланда со српски светосавски националистичко-шовинистички мирудии.
    Пишувам во повеќе прилики: добродојде за МПЦ во руско-српскиот свет.
    За ова поимање и проповедање постои закон по кој институциите мора да реагираат. Во спротивно следно ќе се паравоени кампови за деца и младинци со православен предзнак. Тоа е тоа руско-српско православие без љубов.
    Повторувам: за ова постојат закони и институции. После ќе е доцна.

    • Почитуван/а, „ПРАВОСЛАВИЕТО Е ЉУБОВ“ ,
      како да го разберам потегот на Св. Нестор и Св. Димитриј , (родени Елини, Грци) во прилог, цитат од житието на Светителот објавен на овој сајт (https://religija.mk/deneska-e-sveti-nestor/) –
      ( Меѓу невините жртви на Лиј беа и многумина христијани. Зашто во деновите кога никој доброволно не се пријавуваше за борба со Лиј, тогаш по царска наредба насилно ги довлечкуваа христијаните на борилиштето. Гледајќи ги тие ужасни разоноди на незнабожечкиот народ, на Свети Нестор му се кинеше срцето од болка. И тој реши самиот да излезе во борба со џиновскиот Лиј. Но претходно отиде во затворот кај Св. Димитриј за да побара од него благослов за тоа. Свети Димитриј го благослови, го прекрсти со знакот на крстот на челото и на градите и му прорече: „Лиј ќе го победиш, но за Христа ќе пострадаш.“ Младиот Нестор значи му излезе на мегдан на Лиј. Беше присутен и царот со толпа народ; и сите го жалеа младиот човек зашто ќе загине и го одвраќаа од борбата. Но Нестор се прекрсти и рече: „Боже Димитриев, помогни ми!“ И со Божја помош го совлада Нестор Лиј, го собори и го турна врз копјата, каде што тешкиот џин брзо умре. )

      Значи, Св. Нестор, побарал благослов од Св. Димитриј да се бори, го добил , и излегол на мегдан!

      Како да гледам на потегот на Св. Василиј втори, Македонецот ( Бугароубиец) кој како Византиски Цар (со грчко-ерменско потекло ) излегол на мегдан и го поразил Самуил и неговата војска!

      Значи овие неколку горенаведени Светители, не се од Српско -руската „ обланда“ како милувате да кажете, туку од Елинската (Грчката ). Има уште многу примери, ама овие се доволни за почеток!

  9. На Македонската Православна Црква не и’ треба некој нов духовен свет, Таа живееше, живее и ќе живее со полнотата на даровите на Светиот Дух којашто Неа И’ е дадена. Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква преку таа полнота на енергиите Божји и Возглавена од Едната Глава, Господ Исус Христос, се актуелизира во секоја евхаристиска заедница дури со севкупната благодатна, значи и просветлувачка содржина како даденост, а сите евхаристики заедници во светот и низ историјата (значи заедно со Црквата Којашто Торжествува) преку безграничната Божја перихореза заедничарат меѓусебно. Според своето лично откровение Претстојателите на Светите Цркви ги даваат основните ориентации за пловидбата на тој Брод низ сесветското море (кое сепак на чудесен начин е не помалку Божји свет). Еве ви еден конкретен пример којшто лично имав прилика да го следам во периодот од 2007 до 2009 година. Во Мексико имаше отворено Манастир еден прекрасен Старец кој со своето стадо се беше преселил во Грција и основа неколку манастири таму по дваесетина години служење како духовник на Братството на Светиот Гроб во Ерусалим (значи им беше духовен отец на голем број архиереи). Неговиот Манастир во Мексико беше во област во чија околина Римокатоличката црква од некои причини не беше многу присутна, па населението притекнуваше во Манастирот на литургија. Сепак, Старецот не благословил мексиканските римокатолици да се причестуваат со Светите Тајни пред да го примат Православието (дали со целосно крштевање или само со Миропомазание, веќе не се сеќавам). Во околината по некое време свештениците на Цариградската Патријаршија почнале да им даваат Света Причест на мексиканските римокатолици без никаква претходна подготовка, признавајќи ги за едноверни без нова Крштевка и без Миропомазание (а богослужењето и во Манастирот и во храмовите на Цариградската Патријаршија не било на домороден, на шпански јазик, туку на старогрчки или на руски, со оглед дека свештеномонахот во Манастирот беше по потекло Русин, монасите се трудеа допрва да научат шпански. Старецот беше многу тажен заради постапките на Цариградскиот Патријарх кој дал благослов за такво безаконие (тој Старец е еден длабоко созерцателен човек, знае добро што се’ носи литургијата со себе, какво заквасување претставува и какви последици едно такво поместување претставува. Самото присуство на друговерците на литургија суштински го менува личниот опис на евхаристиската заедница, а камоли причестувањето со Светите Тајни. Како гест на снисходење понекогаш духовникот може да одлучи слично нешто, се разбира, како еднократен залог, како чекор кон темелна духовна преобразба итн., но како чин на трајно изедначување на закваските и плодовите од две потполно различни духовни (макар христијански) матици (симболично да се изразам) тоа може да доведе само до разградување на едната за сметка на другата (кое долго време може да остане и незабележливо за неискусното око, но потресно ќе се рефлектира врз светотаинскиот и врз благодатниот живот на заедницата и на светот воопшто. Сега, ова ми е мене познато, а што се’ им е познато на Московскиот Патријарх и на членови на огромната Црква Чиј Поглавар и Претстојател е Тој, можете да замислите! Јас ја разбирам неговата заповед да се вметне ектенија за победа на руската војска во Украина. Ги разбирам и причините за несогласувањето на Руската Православна Црква со екуменистичките активности на Цариградскиот Патријарх. Не е тоа гола борба за превласт, како што се сака да се прикаже. Не се работи за наивни прашања. Војната ја почнал оној што барал да исчекори од благодатната безграничност на Православието за да зачекори во некоја друга безграничност. Последиците на тој исчекор ги гледаме денес. Ако намерата била добра, ако се’ уште е добра, се знае како треба да се исправи таквата смелост. А да се сочуваат основите на чистотата на Православието е неопходност. (Ако има некој кој не е никаков зилот овде, тоа секако сум јас. Верувам дека сфативте).

  10. “Исламска држава во православно-руска обланда со српски светосавски националистичко-шовинистички мирудии”. Колку добра дефиниција.

    За жал: Тражили сте – Гледајте!!!

    Quo vadis, моја МПЦ. Веројатно и ти имаш теолози на кои им доаѓа мачнина во стомакот кога ги читаат овие нарации на Ангелини, Милевци & co. Сега ако не им се спротивставиме на “чуварите на чистотата на православието”, утре веќе доцна ќе е!!! Така почна со Талибанците, така почна со ИСИЛ, така почна 90-тите во Србија…
    И потполно се согласувам дека државните институции мора да влезат во приказнава. Подобро сега на почеток отколку кога пожарот ќе го зафати стадото.

    • Од Србија , имаш уплав! А за институциите, викни кого сакаш, кога сакаш и каде сакаш! ! Со закани од институции сакате да го замолкнете мислењето , различно од вашето!

  11. Тоталитаризам наместо Православие?! Ќе повикате институции за да ги запрете комнентарите коишто не ви се допаѓаат? Да, тоа е во голем европски стил, па и американски. Но, ние се сеќаваме дека Христос Го гонеа. Вие, значи би отишле подалеку и од оние што го расчиниле рускиот свештеник за кого зборуваме. Вие би не’ замолкнале со казни на човечки судови, би сакале да платиме глоба или да не’ затворат. Ох, благословени институции, каде ли сте? Каде се вашите ангелски раце да ја спасат Црквата од нашите погрешни мисли?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...