Стотици верници ќе го тужат владиката Петар – Синодот одбил да ги прими на разговор

Date:

Share post:

Стотици верници на МПЦ-ОА ќе го тужат владиката Петар за јавните навреди и омаловажувања на Епископот Партениј и монашките братства и сестринства. Петцијата за тужба е потпишана и таа денеска требало да биде доставена до Синодот на МПЦ-ОА и до Архиепископотм од кого барале разгледување на случајот пред да биде поднесена тужбата, но според информациите на Религија.мк нивното писмо воопшто не било примено во архивата на Архиепископијата. Иако претходно било договорено да биде примена делегација од верниците иницијатори, сепак во последен момент им бил забранет влез во здрадата на МПЦ-ОА.

Револтирани, дел од нив ја раскажаа својата приказна за Религија.мк, посчувајќи дека е недостоинствено Црквата да не ги удостои и со можност барем официјално да го предадат своето писмо. Писмото е адресирано до Синодот на МПЦ-ОА, во кое тие ја посочуваат својата страна, како и причините за најавената тужба. Од Синодот и од Архиепископот барале само да го разгледаат нивниот случај и да се оградат од навредите што владиката Петар ги искажал преку медиумите.

-Ние како верници на нашата Црква, со болка ги примаме овие неканонски и противзаконски напади врз исто така виден член на МПЦ, за кого со чиста совест можеме да кажеме дека е еден од најголемите афирматори на МПЦ-ОА во земјава и надвор, докажан со бројни христијански дела зад себе. Затоа, сакајќи да избегнеме понатамошен раздор, пред да ја поднесеме тужбата, се одлучивме да Ви се обратиме Вам како Одбор да го разгледате нашето писмо и да донесете одлука. Очекуваме одговор во кој ќе се оградите од зборовите и ставовите на Владиката Петар, или пак, тој да упати јавно извинување и да престане со ваквото однесување исполнето со омраза. Во надеж дека ќе го разгледате ова наше писмо и ќе заземете свој став и заклучок, ние со Ваш благослов ќе ја повлечеме тужбата. Со тоа се надеваме дека ќе го зачуваме единството во нашата Црква и ќе го избегнеме срамот пред верниците, стои во писмото што денеска надлежните од Архиепископијата одбиле и да го примат.

Верниците велат дека веќе консултирале адвокатски тим, кој ги советувал дека постојат неколку основи за тужба, меѓу кои и говор на омраза.

-Нашите правни советници го проучија случајот и утврдија дека владиката Петар може да се тужи врз неколку основи, меѓу кои и говор на омраза. Но исто така, ние знаеме дека без Ваше одобрение, односно без знаење и дозвола на Светиот Синодот, тој нема право да изнесува такви погрдни зборови кон друг владика, особено и поради тоа што тоа строго го забрануваат и каноните на Православната Црква. Затоа, ние како верници, но и општествено одговорни граѓани, подготвивме тужба против изнесените навредливи и опасно штетни зборови на Митрополитот Петар. Едноставно, крајно време е, после сите тие навреди, лаги и обвинувања, да се каже „доста е!“, велат верниците иницијатори.

Владиката Петар неодамна во еден интернет поткаст жестоко го нападна владиката Партениј, не бирајќи зборови. Навредите се само еден мал дел од кочијашкиот речник со кој се служеше владиката Петар дескридитирајќи го Игуменот Партениј.

6 COMMENTS

  1. Odamna e posvedočeno deka Petar e lažen vladika. Toj beše službenik vo MPC koj, na negova nesreća bidna vdovec i zlonamerni ite kon MPC go postavija za vladika, Toj ne e biran za vladika, toj e postaven za vladika, a toa e golema razlika. Toj ne e ni za mazgari vo nekoj manastir da bide, a ne pa vladika. Toj ima ukradeno crkvneni pari i dadeno vo TAT kaj Sonja. Toj e bruka i sram za crkvata, toj mnogu laže a i krade od Crkvata.

  2. Навистина трагикомично: духовни чеда на еден владика не можат да слушаат друг владика да го напаѓа ли, критикува ли, навредува нивниот духовен отец, не знам веќе што, па решиле да тужат! А го прашале ли нивниот духовен отец што мисли за тоа? Или тој со цел памет им дал благослов за такво нешто, та докрај да ја посведочи автокефалноста на Македонската Православна Црква и дома и (особено) ширум Православната Икумена?! Но, автокефалноста суштински е факт на траен дар на полнота на Благодатта во една Црква, а не просто административна категорија. Гордоста пак, напротив, е спротивна на благодатта појава, значи опасна пијачка. Ќе те врти, крева, лула, мава и до такво дно ќе те фрли што ќе мислиш дека ѕвезди броиш, а тоа само нејзините болни молњи во твојата глава те заслепуваат и болат. Ќе тужите? Кај ги учите овие работи, во Новиот Завет ли, од Светите Отци ли, каде? Што ќе ви е човечка правда, ако Божествената веќе ве напуштила, а се гледа дека е така? Божествената Правда и Божјата Благодат се две истородни работи: исполнетиот со Божја благодат не бара човечка правда, зашто ја доживеал Божјата. Уште и се чудите дека во Архиепископија не ви ја примиле петицијата за тужба.

    • А каде господинот Петар ги учи оние напаѓања, клевети и омраза кон епископот господинот Партениј? Од светоотечките книги (кои само Бог знае дали прочитал некогаш), од Светото Писмо, од каде?
      Всушност едно само не ми е јасно, СО КАКОВ СТРАВ БОЖЈИ, СО КОЈА ВЕРА И ЉУБОВ ПРИСТАПУВА КОН СВЕТАТА ПРИЧЕСТ???? Дали воопшто се причестува со Светите Таинства, и ако да со кој образ пред Бога, кога видовме во последниот поткаст каква омраза и нетрпеливост има кон братот свој???? Од друга страна ја видовме и изјавата на епископот г. Партениј кој рече: “Единство за коешто се молам и искрено посакувам и чекам е неговото покајание”….
      Кој во случајов постапува според светоотечките преданија и Светото Писмо, а кој според својата суета?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...