УПЦ-МП на Онуфриј изгуби три-четвртини од верниците

Date:

Share post:

Статистичките податоци за религиската и верска припадност на Украинците го разбиваат лажниот мит дека во Украина најголем дел од правосолавните се припадници на Украинската Православна Црква – Московска Патријаршија (УПЦ-МП).

Последните социолошки истражувања, што ги објави украинска информационна агенција “РБК-Украина” во јануари 2023 година покажуваат дека бројот на христијани кои преминаа кон Православната Црква на Украина (ПЦУ), која доби Томос за автокефалност од Константинополскиот Патријарх Вартоломеј, се зголемил за пет пати и денес таа Црква има повеќе верници.

Бројките покажуваат дека  69% од Украинците се определиле како православни христијани. Од нив 41% припаѓаат на ПЦУ, а само 4% на УПЦ – МП. 24% не се определиле дека припаѓаат на ниту една од овие две цркви..

Според истражувањето, довербата кон поглаварот на ПЦУ, митрополит Епифаниј, е повеќе од 10 пати повисоко во споредба со поглаварот на УПЦ-МП, митрополит Онуфриј – односно 55% наспроти на 5%. Довербата кон Патријархот Кирил е 1% (истата цифра важи и за Владимир Путин според други социолошки истражувања).

Според истражувањето, 34% од Украинците празнувале Рождество Христово на 7 јануари, 21% на 25 декември, 25% празнувале и на 25 декември и на 7 јануари, додека 20% не празнувале воопшто.

Киев е единствениот регион, каде релативно мнозинство празнувало Рождество Христово на 25 декември (29%, спрема 22% од празнувачите на 7 јануари).

Во целина, 85% од Украинците се сметаат за христијани.

Во споредба со истражувањата правени пред војната во Украина, ова истражување покажува дека Украинците масовно ја напуштаат проруската УПЦ-МП, за која во православниот свет се создава перцепција дека е доминантна православна црква во Украина. Кога ќе се направи пресек на седум истражувања за верската определба во Украина пред војната, статистиката покажува дека и тогаш УПЦ-МП не била најбројна. Имала само 14.5% верници (сега само 4%), додека ПЦУ имала 38,1%, неопределени – 22,5%. Ова покажува  дека УПЦ-МП  изгубила три четвртини од своите верници. Причината е јасна.

1 COMMENT

  1. Још само да напишете колико људи је било обухваћено тим истраживањем.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вселенскиот Патријарх: Незамисливо е православни епископи да се делат по нации

Обраќањето на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената седница на Светиот Синод на Православната Црква на Романија...

Благословени избори – клеропартизам

Од бакнување рака, преку барање благослови за успешен почеток, до палење свеќи за добро завршен крај. Средби, подароци,...

Првиот муслиман и најмлад градоначалник во историјата на Њујорк – Зохран Мамдани

Зохран Мамдани, кандидат на Демократската партија и член на движењето Демократски социјалисти на Америка, е избран за нов...

САД покажуваат интерес за Света Гора: Ригас во официјална посета на Атон

Американскиот заменик-државен секретар Мајкл Ригас ја оствари својата прва официјална посета на Света Гора – Атон, каде што...