И српскиот патријарх Порфириј се приклучи кон поддршката на Новак Ѓоковиќ, праќајќи му специјален поздрав за Божиќ.
-Од маките и искушенијата низ кои поминуваш на Божиќ, утре ќе остане само бледа сенка. Бог е голем, а ти знаеш кој си бидејќи си растел со звукот на ѕвоната на наследството на Немањичи. За тебе се, како и ти за нас, молат милиони православни Срби. Нека непресушната топлина и љубов на витлеемската пештера го грее и храбри твоето срце и душа. Мир Божји – Христос се роди, напишал Патријархот на СПЦ, Порфириј.
