Почетна На иста страна Бискупот Стојанов упати честитка до архиепископот Г.г. Стефан за Рождеството Христово
Бискупот Стојанов упати честитка до архиепископот Г.г. Стефан за Рождеството Христово

Бискупот Стојанов упати честитка до архиепископот Г.г. Стефан за Рождеството Христово

86
0

За празникот Рождество Христово Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монс. Киро Стојанов упати честитка до Архиепископот охридски и македонски Г. г. Стефан и Светиот Архиерејски синод, која ја пренесуваме во целост:

Ваше Блаженство!

Вистинската Светлина, што го просветлува секој човек, што доаѓа на свет, нашиот Господ Исус Христос, зеде тело од Дева Марија и стана наш придружник кон Отецот на небесата.

Тој, Младенец во јаслите, е наш Спасител, кој ја протерува секоја темнина на незнаење и зло и ни дава надеж. Заради Неговата милост сите сме достојни да живееме од Неговата љубов: родени и неродени, здрави и болни, моќни и слаби, храбри и плашливи, верни и неверни, но и мирољубиви и немирољубиви.

Затоа Божиќ не може да нѐ остави во темнината на незнаењето за тоа кои сме и каде одиме. Ние сме браќа и сестри во Христа и затоа синови и ќерки на мирољубивиот Бог кој ни овозможува вечно да бидеме со Него.

Со овие мисли Вам, Ваше Блаженство, на Светиот Архиерејски Синод, на целото духовенство на МПЦ – ОA и на сиот Божји народ, Ви посакувам Честит празник Рождество Христово те Ново 2022 Лето Господово – Христос се роди!

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *