Демократската партија Србите и српската заедница во Македонија, утрово со литургија го одбележаа Видовдан, националниот празник на Србија. Црковната служба беше во црквата Свети Архангил Михаил во Автокоманда во Скопје, за која од ДПС потенцираат дека е српско кралско наследство.
-Во кралското наследство, црквата Св. Архангел Михаил во скопска Автокомада во Скопје, каде почиваат многубројни српски војници од периодот н Балканските војни и Големата војна, достоинствено го одбележавме големиот српски празник Видовда. Се помоливме за душата на Светиот Цар Лазар и косовските маченици, паднати во Косовската Битка 1389 година. На собиот беше повторен косовскиот завет за неотуѓивост на оваа света српска земја, која е дел од колективниот идентитет на секој Србин, кади и да тој живее, стои во објавата на Фејсбук.
Во нејзе се потенцира дека црквата Св. Архангел Михаил со костурницата е подигната во Скопје 1934 година, по преместувањето на неколку воени гробови во кои биле погребани српски војници пострадани во Првата светска војна, а нивните тела се пренесени во Костурницата – Храм Слава. Црквата е наследство на кралот Александар Караџореџевиќ.