Српски и македонски теолози збооруваат за монаштвото на конференција во Водоча

Date:

Share post:

Манастирот „Свети Леонтиј“, во Водоча, е домаќин на голема тридневна научна конференција посветена на монаштвото. Темата е „Балкански монашки светови – Дијалози за монаштвото, теологија и култура“. Организирана е од страна на Институтот за духовно и монашко наследство на Балканот „Наследството на пустината“ и Институтот за литургија и црковна уметност при Православниот богословски факултет во Белград.

Учесници се теолози, епископи, монаси и свештеници од Српската и од Македонската црква. Меѓу нив се Епископите Марко, Климент, Јаков. Митрополитите Наум, Георгиј од МПЦ-ОА. Од страна на СПЦ гости се Крушевачкиот митрополит Давид, викарниот епископ Морачки Тихон. Како дел од професорската фела се Србољуб Убипариповиќ, Владимир Вукашиновиќ, Златко Матиќ, Зоран Ранковиќ Драган Каран, Виктор Недески.

На отварањето на Конференцијата свои пишани поздравни обраќања испратиле и поглаварите на двете цркви, Архиепископот Стефан и Патријархот Порфириј.

Поглаварот на Српската Православна Црква изразил радост поради организирањето на конференцијата и истакна дека таа претставува еден од првите зрели плодови на соработката која произлезе од големиот и историски настан – доделувањето на Томосот за автокефалност на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

-Од тоа единство никнуваат, растат и се раѓаат првите плодови – не само литургиско и духовно собирање, туку и заедничко научно и културно дело, какво што претставува оваа конференција. Со својата тематика и значење таа сведочи дека нашата соборност не е само формална, туку се манифестира во творештво, заеднички труд и сведоштво. Суштинската вредност на овој собир се огледува во тоа што во него се истражува нашето духовно и монашко наследство. Монаштвото низ вековите било духовно прибежиште и собиралиште на православните народи на Балканот. Особено е значајно што оваа конференција, како што покажува и нејзината програма, не останува во границите на минатото, туку од него црпи сила и инспирација за живот во сегашноста и иднината, посочил Порфириј во поздравниот говор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...