Српската црква во Њујорк изгорела од свеќи?

Date:

Share post:

srpska crkva izgoreПожарот во кој на Велигден изгоре до темел Соброната црква на СПЦ „Свети Сава“ на Менхетен бил предизвикан од низгаснати свеќи, тврди комесарот на њујоршката противпожарна служба, Даниел Нигро.

Истрагата утврдила дека чуварот ги собирал недогаснатите свеќи, кои се уште тлееле, во картонска кутија, која потоа ја оставил во црквата.

И српскиот конзул во Њујорк, Маријана Живковиќ вели дека официјално истрагата потврдила дека не станува збор за подметнат пожар, но таа потенцира дека сепак од американските власти побарале сите детали од истрагата да бидат доставени на увид и на Конзулатот во Њујорк.

-Очекуваме дека тоа ќе биде веднаш по завршувањето на истрагата, изјавила Живковиќ, според чии зборови се уште е рано за да се зборува за конкретни резултати од истрагата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...