Средба на директорката на КОВЗРГ со претставници на регистрираните цркви, верски заедници и религиозни групи

Date:

Share post:

Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи – КОВЗРГ, Оливера Трајковска денеска оствари прва средба со претставници на регистрираните цркви, верски заедници и религиозни групи во Клубот на пратеници во Скопје. Средбата, како што информираат од  КОВЗРГ, беше од информативен карактер.

-По претставувањето, директорката Трајковска го истакна значењето од придонесот на секоја верска група за развој на соживотот и толеранцијата во земјата, но и за ширењето на моралните пораки, кои се од особено значење за секој еден човек. Претставниците на верските групи и го честитаа изборот на директорката Трајковска, посакувајќи и успешна работа. Тие ја запознаа директорката со поважните активности и проекти со кои како верски субјекти делуваат во нашето мултиконфесионално општество, соопшти КОВЗРГ.

Директорката Трајковска, се вели во соопштението, им се заблагодари на сите за присуството и ја истакна подготвеноста на КОВЗРГ за идна плодна меѓусебна соработка и институционална отвореност за секој регистриран верски субјект во државата.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...