СПЦ: Архиепископот Стефан меѓу Србите се чувствува како меѓу свои

Date:

Share post:

Архиепископот Стефан, во рамки на неговата канонска посета на САД, во четврток, на 4 септември го посетил седиштето на Канадската епархија на Српската Православна Црква, манастирот „Преображение Господово“, во Милтон.

Со молитвено учество на сите свештеници од Источно-канадското намесништво на СПЦ и сите канадски свештеници од Американско-канадската епархија на МПЦ, отслужиле доксологија во чест на Неговото Блаженство. Домаќин на Архиепископот бил, Архиепископот на Торонто и Митрополит Канадски Митрофан (СПЦ).

Српската православна црква на својата интернет страница ја пренесе веста за посетата на Архиепископот Стефан на оваа црква на СПЦ. СПЦ главен акцент во веста за посетата стави за дел од говорот на Архиепископот Стефан, цитирејќи го дека рекол оти „меѓу Стрбите се чувствува како меѓу своите“.

-Откако ги благослови сите присутни, архиепископот Стефан се повика на најблиските односи на двете сестрински Цркви, нагласувајќи дека меѓу Србите се чувствува како меѓу своите, пишува СПЦ на својата интернет страница за оваа посета.

Митрополитот Митрофан, пак во својот говор ја истакнал историската улога на светата милтонска обител како бастион на српското православие во Канада, не само за српската заедница, туку и за сите православни народи.

1 COMMENT

  1. АМИН. Како мегу Православни брака и сестри нормално е дека е мегу своите. Прво Христос, после националности и др

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...