Спорниот закон за матична евиденција, кој практично индиректно овозможува и легализација на истополови бракови во Македонија, се враќа во собраниска процедура и тоа во скратена постапка.
И покрај уверувањата од министерката Јована Тренчевска дека Законот за матична евиденција е повлечен, денеска ја “демантираше” интерпартиската група во Собранието за унапредување на правата на ЛГБТИ+ луѓето. Пратеничката на ДОМ, Маја Морачанин на својата Фб страна објави дека поднеле предлог закон за дополнување на Законот за матична евиденција и овозможување правно признавање на родот. Информацијата ја споделија и Хера и Трансформа.
После веста дека Предлог законот за матична евиденција повторно се враќа во Собрание додека паралелно се турка и Законот за родова еднаквост, Викарниот Епископ Стобиски г. Јаков со група граѓани присуствуваше на граѓански собир Рамо до рамо, на кој се презентираат политиките на СДСМ. Од пратеничка Даниела Колева, Епископот побара одговор на прашањето како со овој предлог закон планираат да ја подобрат иднината. Воедно посочи дека мнозинството граѓани е категорично против ваквото законско решение. Од пратеничката доби уверување дека во најскоро време ќе се организира дебата на која секој ќе може да ги даде своите забелешки и предлози.
-Јас повеќе од било кој зборував за опасностите кои може да ги донесе овој закон заедно со законот за родова еднаквост кој што го бранеше министерката Тренчевска пред неколку дена и ни вети дека предлог законот за дополнување на законот за матична евиденција е повлечен и дека засега не размислуваат за враќање во собраниска процедура, рече Викарниот Епископ Стобиски г.Јаков на граѓанскиот собир Рамо до рамо во организација на СДСМ.
Тој праша како овој закон може да ги зголеми правата и сигурноста со тоа што ќе им овозможи на биолошките мажи само врз основа на субјективно чувство да бидат изедначени со жените пред правниот систем?

