СОТИРОВСКИ: Католичката црква во Македонија позитивен пример на почит кон различностите

Date:

Share post:

Католичката црква и нејзиниот Бискуп во Македонија имаат особен придонес во стабилноста на колоритот на култури и заедници во државата, секогаш со умереност и почит кон другите, кон различните, даваат позитивен пример и придонес, посочил директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски на средбата кај поглаварот на Католичката црква во Македонија, Бискупот Скопски и Апостолски егзарх во Македонија Киро Стојанов.

Сотировски и Стојанов изразиле подготвеност за меѓусебна поддршка за сите отворени прашања, меѓу Светата столица и Католичката црква со Владата на  Република Македонија.

На средбата се разговараше за важноста од отворен и искрен дијалог за важните прашања за граѓаните од сферата на верските чувства и определби како сензитивна област. Беше особено истакната потребата од зголемена соработка меѓу Католичката црква и КОВЗРГ во интерес на граѓаните припадници на оваа значајна верска заедница.  Бискупот д-р Киро Стојанов упати искрени честитки кон новоименуваниот директор, притоа ја истакна поддршката на Католичката црква  за сите иницијативи на новиот директор и КОВЗРГ во интерес на верниот народ, решавање на долгогодишни проблеми, како и унапредување на верските слободи и права и мотивирање на соработката и верскиот соживот, стои во соопштението од КОВЗРГ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img