Почетна Вести Ислам Прва средба на Поглаварот на ИВЗ со директорот на Комисијата за односи со верските заедници
Прва средба на Поглаварот на ИВЗ со директорот на Комисијата за односи со верските заедници

Прва средба на Поглаварот на ИВЗ со директорот на Комисијата за односи со верските заедници

54
0

Директорот на КОВЗРГ, Даријан Сотировски ги продолжува серијата средби со поглаварите на верските заедници во Македонија, во рамки на неговата агенда за подигање на нивот на соработка со Комисијата.

Сотировски, вчера бил на прием кај поглаварот на ИВЗ Реис Ул Улема Хаџи Сулејман еф Реџепи, во седиштето на ИВЗ.

Директорот на КОВЗРГ и Поглаварот на ИВЗ, заеднички оцениле дека КОВЗРГ и ИВЗ треба да ја продлабочат својата соработка и да се воспостави принципиелен  пристап во решавањето на отворените прашања преку дијалог и разбирање.

-Директорот Сотировски истакна дека се надева на целосна поддршка од Реисот Реџепи за сите заложби и иницијативи за создавање на атмосфера на доверба и компромис меѓу верските заедници, а додаде и дека ИВЗ ќе ја има поддршката од Владата за сите отворени прашања со кои се соочува во интерес на граѓаните припадници на оваа значајна верска заедница. Сакаме нашето општество да се развие преку почитувањето на различностите, како и меѓусебното помагање, стои во соопштението од Средбата.

Реисот Реџепи му го честитал изборот на  новоименуваниот директор, и посочил дека ќе стои зад секоја иницијатива и вложен труд за подобрување на меѓуконфесионалните односи, како и за заложбите за унапредување на верските слободи и права на граѓаните и неселективното задоволување на нивните верски потреби.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *