Српскиот патријарх Порфириј испрати сочуство за смртта на папата Франциск, посчувајќи дека со тага ја примил веста за неговата смрт на вториот ден од Велигден.
-Имав прилика за време на неговиот понтификат да се сретнам со него и чувствувам обврска денес да посведочам дека беше човек кој градеше мир и разбирање меѓу луѓето и народите, со посебна желба з аразвивање на соработката со Православната црква. СПЦ му е благодарна на длаботото разбирање за трагичното историско наследство на териториите на кои живее српскиот православен народ. Во име на полнотата на СПЦ изразува сочувство на целата Римокатоличка црква со молитви на починатиот папа Франциск Господ да му подари вечен живот и вечен вечен спомен, стои во сочуството на Порфириј.

