Слушнете ја Биљана(Секуловска)

Date:

Share post:

Кога една млада дама, Македонка, која е при тоа и познат новинар, повикува да се засрамиме пред себе поради нашите глупости и ограниченост, јас очекувам дека ќе се засрами уште некој, овој пат од другата страна. Капка по капка-езеро, срам по срам-освестување.

Едно време (времето на А1 телевизија), кога ја опишував Биљана Секуловска, велев: “ Онаа што им се внесува во лице на соговорниците и мавта ли мавта со рацете и пенкалото…“. Еднаш, толку му се внесе во лице на еден соговорник и толку многу мавташе со рацете, небаре ќе го удри. Така ја доживував Биљана.

Гел заман, гит заман, сватив дека таа госпоѓица е всушност многу добар новинар, иако не се сложував секогаш со нејзините ставови. Bнесувањето во лице и мавтањето ми станаа симпатични. Не знам да ли се уште го прави тоа, бидејќи ретко имам прилика да ја гледам. Но прочитав деновиве нешто што не ме остави рамнодушен. Ecce Homo, Ете човек, си реков. И, мило ми е што тој човек беше токму Биљана Секуловска.

А што всушност кажа Биљана? Не кажа ништо посебно за едно нормално општество, ама нејзините зборови ги разбрануваа албанските портали и социјални мрежи, таа стана хит со својата човечност истиот ден кога во Бутел растеа тензиите околу крстот. Таа покажа дека ние не сме нормално општество.

Кажа Биљана: “ Бев на манифестацијата “Milingona e Arte” ( Златна мравка) и се засрамив што не познавав ниту еден од тие прекрасни уметници, како да не се тие моите луѓе, дел од културата на мојата земја, како да не се дел од мојот вистински идентитет. Никогаш нема да бидеме подобри луѓе без нив, без нивниот јазик, култура и милоста со која сето тоа ни го подаруваат…“.

Аферим, Биљана ханума, така зборува вистинскиот човек. На еден албански портал видов дека те прочитале скоро триесет илјади луѓе, а те имаше и на други, те имаше насекаде. Те имаше затоа што твоите зборови ја кажаа вистината за Македонија, за оваа прекрасна земја што треба да ја бидне, а ете не ја биднува никако. Меѓу другото, поради недостатокот на срам и перде што не си ги знаеме уметниците и ги делиме на наши и ваши, што ниту вековите на соживот не влијаеа на нас муслиманите да го запознаеме Христијанството и на вас христијаните да го запознаете Исламот…

За жал, Биљано моме, нашите срамови би требало да одат уште по длабоко, да одат дури до темните лавиринти на нашата подсвест и да побараат одговор-како тоа и кога тоа сите ние сме ги испомешале концептите за човекољубие и човекомрзие, зошто ги мразиме тие што би требало да ги сакаме. Во општава ситуација кога сите, како што велиш, живееме одвоено а умираме заедно, би требало да се подсетиме дека, кога Бог наредува “Сакај го ближниот свој“, Тој порачува да се сакаат и да се почитуваат сите луѓе меѓусебно, не само Македонците со Македонците и Албанците со Албанците.

Во секој случај, кога една млада дама, Македонка, која е при тоа и познат новинар, повикува да се засрамиме пред себе поради нашите глупости и ограниченост, јас очекувам дека ќе се засрами уште некој, овој пат од другата страна. Капка по капка-езеро, срам по срам-освестување.

Дека нешто е труло во земјата Македонија, знаеме одамна, ама ете Билјана покажа дека можеби во земјата Македонија – нешто и се менува. Можеби со нашата закоравеност и зачауреност нешто се случува ?

Sulejman Redzepi 1Еднаш напишав дека нашата омраза кон Македонците не не чини по добри Албанци, ниту омразата кон Албанците ќе произведе по добри Македонци. Билјана отиде чекор по далеку, токму како што им доликува на помладите и на храбрите. Да, храброст е тоа што го кажа новинарката во оваа атмосфера на општа залуденост што се заканува да не разнебити во поим. Иако не се разбирам во музиката, сепак очекувам да ги слушнам бек вокалите. Со нив, и пеачот, и музиката звучат по убаво. Толку, сум упатен.

Пишува: х. Сулејман еф. Реџепи

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...