Скопскиот бискуп издаде книга

Date:

Share post:

„Црквата во служба на човекот“ е насловот на книгата на Скопскиот Бискуп Киро Стојанов, која неодамна излезе од печат, пишува порталот „Католици.мк“

Делото  претставува збир на предавања и размислувања, кои бискупот Стојанов ги одржал на настани поврзани со „Година на семејството 2014/2015“ и „Година на посветениот живот 2015“.

Книгата има два дела. Во првиот се пастирски писма и насоки во пресрет на вонредната и редовната Епископска синода во Рим 2014 и 2015 година. Во нив темелно се обработуваат размислувања за пасторалот со семејствата како основна клетка на човечкото општество. Преку молитви, размислувања, предавања и богослужби е направен обид на примерен начин темите на тие две синоди да бидат овоплотени во нашата месна Црква.

Вториот дел од книгата е одговор на темата на Бога посветениот живот што е одреден по повод од 500 годишнината од раѓањето на една од најголемите монахињи света Тереза Авилска. Размислувањата и средбите се посебно богатство не само за лицата посветени на Бог, туку и за секој верник, бидејќи подобро ќе можат да ги запознаат лицата кои својот живот му го посветуваат на Бога, како и поединечните харизми, кои се во Црквата како дар од Светиот Дух.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...