Местото каде што е откриена т.н. „Божја честичка“ се претвори во сцена на монструозен настан. Имено, на интернет се појави снимка на која, наводно, се гледа принесување на човечка жртва на тревникот пред зградата на ЦЕРН.
Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) започна истрага откако видеото се појави на интернет. На истото е прикажан ритуал на принесување човечка жртва во дворот на комплексот, во кој се наоѓа и забрзувачот на честички (Големиот хадронски судирач), што пак се користи за истражувања во областа на квантната физика. Снимката е направена навечер, што покрена прашања за нивото на обезбедување на објектот.
На снимката се гледаат неколку луѓе облечени во црни наметки со качулки, кои вршат ритуал пред статуата на божицата Шива во дворот на ЦЕРН, во близина на француско-швајцарската граница, недалеку од Женева.
– Видеото е дефинитивно снимено во дворот на комплексот, но тоа се случило без наше знаење и дозвола – изјави портпаролот на ЦЕРН, додавајќи дека центарот започнал истрага.
Инаку, светските медиуми овој исцениран настан го препишуваат на лошата смисла за хумор на некои од научниците вработени во центарот. Досега никој не презел одговорност за случката, која многумина ја оквалификуваа како невкусен обид да се создаде паника.
Во продолжение, видеото:


А што бара статуа на Шива во дворот на еден истражувачки центар?