Претседателката Гордана Силјановска Давкова, за време на посетата на САД присуствуваше на литургијата за Рождеството на Пресвета Богородица во црквата на МПЦ-ОА во Њу Џерси. Силјановска-Давкова ја посетила и џамијата на дијапосрата од Македонија од дебарскиот крај, каде беше пречекана од оџата Омер Кадри
– Мислам дека ова ќе биде првиот чекор за континуирана комуникација со дијаспората, советите се добредојдени, помошта и разбирањето се добредојдени, ама и ние дома не смееме да заборавиме дека нашата дома е и ваша дома, рече Сиљановска Давкова.
Претседателката заедно со припадници на нашата дијаспора присуствуваше на литургијата по повод празникот, а потоа имаше кусо обраќање и разговор со нив.
Парохискиот свештеник Дејан во македонската црква Свети Никола во Тотова изјави дека оваа цркована заедница е една од посериозните во Америка и во Канада.
-Во овој северен дел од Њу Џерси претпоставуваме дека имаме околу 50 до 60 илјади Македонци и сите тие гравитираат во оваа црковна заедница и во другата Св. Кирил и Методиј, блиску до нас. Богослужби имаме секоја недела и секој празник. Одржуваме литургии и секоја недела имаме заеднички ручек за сите присутни и можеме да поразговараме. Црквата после за духовна надградба нас Македонците тука ни е како место да се видиме едни со други, рече отец Дејан.
На средбата присуствуваше и вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити.
-Мило ми е што овде до мене седи Меџити оддавајќи почит на религијата и на сите вам, рече Сиљановска Давкова.-
Благодарност до оџата Омер Кадри и претставниците на дијаспората по потекло од дебарскиот крај за пријатниот разговор и можноста да ја посетам џамијата во рамки на Dibra Community Center, во Фрихолд, Њу Џерси. Ме запознаа со нивните активности и начините на организирање и интегрирање во рамки на американското општество и за врските што ги остваруваат со Македонија, напиша Сиљановска-Давкова на Фејсбук.
Во САД официјално се регистрирани околу 72.000 македонски државјани, но се проценува дека се над 200.000.