Шестгодишната Гонџа чека повик од Господ да тргне по патот на Мајка Тереза

Date:

Share post:

Шестгодишна девојка од Куманово, од католичко семејство го носи истото име на Мајка Тереза и нејзините родители би биле горди таа да тргне по патот на Светица. Оваа приказна ја објавува дневниот весник „Дневник“ во денешната репортажа. Таткото Јосип вели дека не случајно нивната ќерка го носи името на Света Тереза.

Dnevnik slik-Додека траеше вчерашната миса во Спомен-куќата на Мајка Тереза, шестгодишната Гонџа често се вртеше кон четирите сестри милосрдници кои седеа околу неа. Ги набљудуваше, им се насмевнуваше детски весело, а и тие и возвраќаа.  И беа интересни облечени во бела одежда со препознатливи сини ленти кои одамна станаа синоним за хуманоста, за помагање на сиромашните и изнемоштените. Потоа, малата Гонџа замина кај своите родители, Јосип и Барабара, кои исто така заедно со сите останати деца, беа дел од вчерашната служба што се одржа во чест на прогласувањето на Мајка Тереза за светица во нејзината спомен-куќа во центарот на нејзиниот роден град. Таткото Јосип, кој ни рече дека е католички мисионер и дека со семејството живее во Kуманово, не ја криеше радоста и задоволството што Мајка Тереза стана светица и што едно од нивните деца го носи нејзиното име, пишува „Дневник“

Целиот текст прочитајте го дневниот весник „Дневник“

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here