Секташки дух

Date:

Share post:

Голем грев против соборноста и единството, но истовремено и против сведоштвото на светоста и Апостолското Предание на Црквата, всушност, голем грев и хула против Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква прави оној духовник кој ги озборува, суди и осудува другите духовници или духовни отци (Епископите) пред христијаните коишто кај него се исповедаат и со него се советуваат.

Причината за ваквото однесување е секогаш иста – таквиот сигурно нема внатрешно духовно покритие за свештениот чин што го носи, па таа своја внатрешна несигурност, авторитетот што внатрешно го нема, се обидува да го надомести однадвор, оцрнувајќи ги другите духовници и прекршувајќи ги на тој начин и самите Канонски одредби за црковно однесување, дури и во случај да има некакви реални забелешки. Со ваквото однесување, таквиот духовник собира околу себе една фанатизирана заедница, која меѓусебно развива еден секташки дух – замислувајќи си дека се нешто посебно, дека се некаква елита – која некого и нешто спасува; и иако формално фигурира внатре во Црквата, таквата заедница самата се одделува од Духот на единството на црковната Заедница и предизвикува поделби. Секако, и тие што се собираат околу таквиот духовник најчесто веќе носат во себе некое мало или поголемо душевно растројство.

Многу е карактеристично за ваквата заедница што внатре во неа никогаш и од никого не може да се чуе слово за умно-срдечната молитва, додека пак, што било друго од коешто извлекува самопотврда за своето постоење и дејствување – зилотско или либерално, се слуша. Ова религиозно-социопатско и антисоборно однесување е многу потсилено од развојот на социјалните мрежи денес, на голема штета на неупатените.

На крајот, порано или подоцна, таквата заедница сигурно се распаѓа, бидејќи Го нема Богочовекот Христос за свој темел, туку некој човек. Како што телото без душа се распаѓа, така и заедницата без Светиот Дух Господ во неа – се распаѓа; со многу лични и семејни трагедии, како последица. Нивното распаѓање уште некое време шири отров и смрдеа во околината и, на крај, сѐ се заборава.

Вратите на пеколот никогаш нема да ја надвладеат Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.

Пишува: Струмички Наум

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...