Се случува избор, но не и правда

Date:

Share post:

Го познавам владиката Партениј повеќе од дваесет години. Бев средношколец кога првпат отидов во Бигорскиот манастир. Тој веќе беше игумен. Оттогаш поминаа децении. Го гледав постојано. Видов како ја носи голема тежината на своето духовно раководење; како го гради не само Бигорскиот Манастир, туку целиот духовен простор околу себе: обнова на други манастири, изградба на нови светилишта, враќање на младите луѓе во Црквата, дијалог со различните… Видов и како стои цврсто покрај тие што страдаат; како доаѓа ненаметливо, токму таму каде што не доаѓаат другите…

Изборот на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија треба да биде момент на заедништвото и на радост. Наместо тоа, добиваме нетранспарентност, молк и една крајно чудна постапка: шест месеци без ниту едно официјално соопштение; без вклучување на верниот народ; и на крај само еден кандидат, предложен во последен можен момент.

Еден?!

Како да нема други?!

Како Црквата да е некаков елитистички тесен круг на самодоволни луѓе, а не тело Христово отворено кон сите?!

А каде е владиката Партениј во тој процес?

Тој е човек на Црквата што целиот живот ја врши таа служба.

Тој е викарен епископ, со важна духовна и административна одговорност токму над епархијата што сега бира нов водач.

И покрај тоа, не само што не беше избран, туку не беше ниту предложен.

Како да се сака да се избрише постоењето на таа можност.

Како некој однапред да решил – било кој, само да не е тој.

МПЦ-ОА има Устав. Во член 73 јасно се наведува: Епископ се избира од редот на монаштвото кој не е помлад од 30 и не е постар од 60 години, има богословско образование и го краси добар глас помеѓу верниците и свештенството.

Владиката Партениј не само што ги исполнува овие критериуми, тој на свој начин сведочи за нив со години. Ретки се монасите што со толкава посветеност останале на едно место и уште поретки се духовните водачи чие дело се гледа и во Црквата и надвор од неа. Неговото присуство е веќе длабоко впишано во животот на Дебарско-кичевската епархија.

Ваков Избор не е избор!

Тоа е процедура за легализирање на една малцинска волја.

Тоа е одлука што се крие зад формалности.

Тоа е одбивање да се валоризира очекувањето на народот.

А нашиот народ не молчи. Тој шепоти низ црквите; прашува по социјалните мрежи; потпишува петиции и – најважно од сè – ја покажува емоцијата што ја има кон големината на националното дело на Бигорски.

Таа емоција не се создава со декрет. Таа се гради со години: во болниците, во исповедите, во средбите во најтемните периоди од нечие лично страдање…

Овој избор нема да помине без последици, не само затоа што се заобиколува Владиката. Туку и затоа што процесот беше затворен, нетранспарентен и, уште полошо, неискрен и злонамерен.

Доколку на вистинскиот кандидат не му се дава ниту можност, тогаш што навистина се штити во оваа постапка?

Чија удобност?

Чиј авторитет?

Го пишувам ова не како напад, туку како сведоштво. Сведоштво на еден од оние илјадници млади луѓе што од отец Партениј научија дека смирението не е слабост, туку сила! Дека верата не се проповеда со зборови, туку со дела! Дека вистинскиот пастир не оди пред стадото за да го води од високо, туку е меѓу нив, за да го разбере и да го носи кога ќе падне!

Народот го чувствува тоа!

Црквата го чувствува тоа!

Само, за жал, некои изгледа сè уште не сакаат да го видат!

Но еден ден, ќе мораат.

И тогаш можеби ќе биде доцна. Не за владиката Партениј. Тој, познавајќи го, верувам дека ќе продолжи да служи. Туку за довербата што ја изгубивте.

Ако некогаш сте се прашале зошто младите си заминуваат од Црквата, зошто луѓето се разочаруваат, еве ви еден дел од одговорот: затоа што кога конечно доаѓа можност да се направи вистинскиот избор, вие и’ го завртевте грбот на правдата.

Пишува: Проф. д-р. Александар Спасеновски

2 COMMENTS

  1. Se nadevam deka Vaseto pisanie ke dopre do suite i decata na Obie na koi e nameneto.
    So verba i pocit vo Hrista.

  2. Изборот е радост зашто на ученикот доволно му е да биде како и неговиот учител, така вели писмото, јеромонахот Георгиј му беше професор на Епископот Партениј. И токму заради тоа треба Епископот да се радува зашто професорот ќе му е и надлежен архиереј кој ќе го исправа во неговото самоволие и ќе му помага полесно да ги надминува духовните борби на својата самозаљубеност. Повикот за молитва го исполнивме и Бог одговори на молитвите. Благослови достоен кандидат од редот на монаштвото да биде и архиереј. Има многу подостојни кандидати за епископи од епископот Партениј само нивните имиња не се звучни зашто не ја бараат славата од луѓето, туку кротко го носат својот крст. Професоре дали имате слушнато за о. Нектариј, о. Прохор, о. Никодим, о. Агатон и други отци , и баш од толку голем број на преподобни отци, Бог посака да е о. Георги. Изборот не е самоволие почитуван туку глас Божји и волја Света на Премудриот Бог преку Блаженејшиот Архиепископ Г.Г.Стефан. Срамота е да се плаче и да се повикува на “ мирни протести” за искажување на револтот. Ние православните христијани треба да имаме радост за избор на нов архиереј а не револт, ова не е обложувалница туку е Света Православна Црква која е раководена од Светиот Дух. Епископот Партениј доби европска награда за животно дело, значи тој го доби заслуженото од човечка рака, ова е друг момент и станува збор за духовни вредности кои еве му припаѓаат на новоизбраниот војник Христов о. Георги. Не внесувајте дух на поматеност во стадото кое го слуша гласот на пастирот и оди по него, туку и вие професоре заедно епископот и стадото верно и послушно извикајте за новиот војник Христов: ДОСТОЕН!!! Со почит Игумен Спиридон

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...