САД конечно потврди геноцид врз Христијаните

Date:

Share post:

Администрацијата на американскиот претседател, Барак Обама конечно се произнесе дека џихадистите од  Исламска држава ИСИЛ вршат геноцид врз христијаните, јазидите (кррдска етничка група во Ирак) и шиитите на териториите во Сирија и Ирак, кои се под нејзина контрола. Ова денеска во изјава го потврди американскиот државен секретар Џон Кери.

Тој ја обвини групата за воени злосторства, геноцид и етничко чистење на овие територии.

– Овој факт е потврден од нејзината идеологија и нејзините дејствија. САД ќе направат се што е потребно ИД да понесе одговорност за своите злодела, изјави Кери

Според него, важно е со тоа што точното име е да се наречат злосторствата на ИД, но уште поважно е тие да се спречат. Сепак тој признава дека САД и нивните сојузници не можеле целосно да ги документираат злосторствата на ИД.

– Познато ни е на пример дека во август 2014 година ИД уби илјадници јазиди и опколи десетици илјади на планината Синџар. Јасно е дека без наша интервенција овие луѓе ќе беа малтретирани, нагласил американскиот државен секретар.

Како друг пример за злосторствата на ИД, Кери ги наведе масовните убиства на христијани во Мосул и на други места, само поради нивната вероисповед.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...