Руските војници во Сирија изградиле црква во базата каде што се стационирани, изјавил рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгун на средбата со Московскиот патријарх Кирил, пренесуваат руските медиуми.
Шефот на руската одбрана потенцирал дека храмот бил изграден од специјално донесен карелејски бор, а црквата ја посетуваат и руските војници и тамошното население.
Средбата меѓу Рускиот Патријарх и министерот за одбрана била одржана на 24 август. Патријархот Кирил изјавил дека со внимание ги следи активностите на министерот за одбрана, потенцирајќи ги позитивните промени кои се случуваат во армијата.

