Почетна Вести Штипските археолози очекуваат да го откријат светилиште каде се крунисувале Пајонските кралеви
Штипските археолози очекуваат да го откријат светилиште каде се крунисувале Пајонските кралеви

Штипските археолози очекуваат да го откријат светилиште каде се крунисувале Пајонските кралеви

112
0

Штипските археолози од денеска почнаа со истражувања на тврдината Исар, каде што очекуваат да го откријат светилиштето, во кое се крунисувале Пајонските кралеви. Митко Штерјов археолог од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип вели дека се на чекор до ова откритие,  бидејќи многу стари  записи se потврудаваат со досегашните истржувања во северозапдниот дел на тврдината Исар.

1– Во претходните истражувања најдовме голем број на садови, ќерамика кои се од третиот и четвртиот век. Така што со сигурност можеме да кажеме дека ова е светилиште кое што трае многу одамна, а можеби е и делот каде што се крунисувале Пајонските кралеви. Овде веќе ги имаме трагите од постарите наоди, па зошто овде да не постои она светилиште кое што го споменува Полиен во третиот век, дека во реката Астибо се крунисувале Пајонските кралеви, вели Штерјов.

Тој забележува дека тврдината Исар е едно од ретките места, каде што се потврдуваат легендите на штипјани кои со векови се пренесувале. Досега археолозите имаат потврдено две легенди за тврдината Исар. Едната е дека црквите  со нивната местоположба формираат крст. Сега со откривањето на црквата Св.Власие се потврдува и оваа легенда.

– На тврдината Исар постоеле четири цркви, досега ние ги откривме и се знаат сите четири цркви. Така да црквата Свети Јован, Свети Ахрангел Михаил, Свети Власие и уште една корабна црква, која што е откриена на акрополот од Исарот. Можеби таа црква досега не доби заслужено внимание. Но, бидејќи Исарот ја има приказната за Ч’трсе односно за свети 40 маченици, па можеме да нагласиме дека таа една корабна црква и да ја поврзиме со свети 40 маченици, вели Штерјов.

Штипските археолози пред три децении ја имаат потврдено и легендата за тајниот тунел од 150 метри кој води од реката Брегалница до тврдината Исар. Легендата говори дека 1385 година војската на султанот Мурат Први  долго време се обидувале да го освојат утврдениот град. Но еден ден Турците забележале дека од другата страна на Брегалница од карпите излегуваат патки. Пратејќи ги низ тунелот  успеале да го освојат градот. Легендата е потврдена во 1986 година  кога тунелот беше откриен при изградба на колекторска мрежа. Багер случајно го откри отворот на тунелот.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *