По пушките и минофрлачите, беспилотните летала сега слетуваат во руските училишта, објави, Радио Слободна Европа.
Нов учебник, одобрен од државата, ги учи тинејџерите како да изработуваат и летаат со дронови како дел од националниот проект за милитаризирање на образованието до 2030 година.
Тоа не е некое милитаризирање на училиштата, туку подготовка за живот во секакви услови. Руските деца и младинци учат на училиште се’ што треба да ги оспособи за живот – практично! Сите руски девојки по завршувањето на средно училиште на пр. знаат да шијат колку една просечна македонска шнајдерка, а сите руски момчиња владеат со занаетите на рамниште на еден просечен македонски хаус-мајстор. Притоа, руските ученици се мошне начитани и сестрано образувани, креативни на многу начини. Со оглед дека војната за жал е дел од реалниот живот на луѓето во многу земји, Русија ги оспособува своите младинци и за идни учесници во одбраната и безбедноста на нивната земја, ако има потреба (за разлика од земјите што произведуваат илјадници, па дури и милиони дезертери или немоќни граѓани кои се принудени да просат социјална заштита по туѓи земји).