За рускиот патријарх Кирил нема граници во постсоветските територии и единствената црква што ја има власта на овие простори е Руската православна црква и тој лично како Патријарх. Кирил веќе извесно време јавно ги соопштува своите империјалистички погледи за тоа како треба да биде управувана православната црква, а неговиот модел во основа е еден нов империалистички папизам, кој се повеќе се заснова на идеологијата на Ватикан од средниот век за време на Крстиносните војни.
Кирил, оваа скандалозна изјава ја кажал за време на пороповед по литургијата за Успението на Пресвета Богородица во црквата на московски Кремаљ.
-И покрај појавата на политички граници во таканаречениот постсоветски простор, за Руската православна црква ги нема, бидејќи ние сме црква на цела Русија, а за мене Киев, Минск и другите престолнини на републиките се исклучително важни. духовни центри на обединета Света Русија. Оваа свест го опфаќа најголемиот дел од нашето свештенство, луѓе со вероисповест, и тоа не само во Руската Федерација, туку дури и во оние места каде што можете да ја изгубите слободата за искажување такви ставови. Би сакал да изразам благодарност до нашиот епископат и свештенството во сите земји што се формираа на територијата на историска Русија, за зачувувањето на канонското единство во сите тешки околности. Оние кои ќе останат верни на духовното единство на нашата Црква, на нејзината спасителна мисија за целото пространство на Света Русија (Русија), ќе останат на светлата страна на историјата и на крајот ќе победат. Опасноста лежи во фактот што пресвртите во Русија отсекогаш биле поддржани однадвор. И така сега – сите овие проблеми во пространствата на историската Русија не се појавија без учество на одредени политички сили непријателски настроени кон Русија. Но Русија ги издржа сите овие удари, згора на тоа, таа се развива. И покрај санкциите и ограничувањата, економијата се развива, политичкиот систем се зајакнува. Се разбира тоа се тоа е огромна заслуга на нашиот претседател Владимир Владимирович Путин и неговата екипа, изјавил Кирил во својота политичко-империјалистичка проповед за време на Литругијата во Кремаљ.
Рускиот патријарх уште потенцирал дека Руската црква е најсигурниот столб на руската држава и политика денес и дека таа всушност е единствената институција која денес ги поврзува Украина, Белорусија и сите други држави од постсоветските територии.
-Праославни има насекаде и архипастирската одговорност на Патријархот на Москва и на цела Русија се простира врз целото ова пространство. Затоа има такви напади против нашата црква, бидејќи противниците на зачувувањето на духовното единство на Света Русија ја гледаат Руската црква како главен непријател, изјавил рускиот патријарх.


Тоа не е империјализам: тоа е единствената здрава еклисиологија во духот на Праотците и Пророците. По својата природа Црквата не може да ги следи политичките граници како императив на Нејзиното устројство. Никогаш не би била тоа што е, ако би се однесувала така. Ако Израилот како Избран народ Божји го беше следел моделот на политичките граници, никогаш воден од Св. Боговидец Мојсеј не би тргнал на своето славно четириесетгодишно патешествие од Египет до од Бога Ветената Земја. Ако дванаесетте колена Израилеви не го сочуваа своето единство низ вековите, никогаш немаше да биде извршен Домостројот на спасението. Ако потклекнеа на влијанието на туѓи култури и го прифатеа јаремот на туѓи водачи и ја градеа Старозаветната Црква во рамките на нивниот политички концепт, јасно е каков ќе беше исходот. Исто е и денес: сите тие помали Помесни Цркви кои од една или друга причина се одвоија од Московската Патријаршија завршија во политички амбиент на туѓи центри на моќ, на неправославни народи, чие друговерно духовно влијание врз домицилното православно население е очигледно. Во нивните општества се наложуваат толку големи отстапки од нивната вековна православна традиција, како данок за нивната привидна самостојност, а фактичка подреденост на западните центри на политичка и економска моќ. Приказните за национална самостојност се едно, а борбата за автентична духовна самобитност нешто потполно друго. Националната самостојност е одлична придобивка за еден народ, но патот до неа мора да биде конкретен и реален, а не самоизмама за стекнување некакви “нови, поголеми права” преку ноќ. Во духовниот живот не постојат поголеми права од слободното растење во благодатта, а тие се достапни секому, без оглед на земните права и политички можности.