Рускиот патријарх Кирил допатува во Софија, односите на БПЦ со МПЦ дел од агендата за разговор

Date:

Share post:

Статусот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе биде тема на средбата на бугарскиот патријарх Неофит и рускиот патријарх Кирил, кој денеска и утре е во посета на Софија по повод одбележувањето 140 години од ослободувањето на Бугарија од османлиското ропство.

Тоа, пренесува МИА, го потврди бугарскиот митрополит Антониј во изјава за Бугарската национална телевизија, посочувајќи дека статусот на МПЦ-ОА е актуелна тема во православниот свет за која треба да се разговара.

– Светиот синод на БПЦ секогаш настојувал да им помогне на македонските христијани да имаат канонски призната православна црква, рече митрополитот западноевропски и средноевропски Антониј.

Посочи дека и БПЦ во својата историја поминала низ „шизматски пат“, слично на Македонската, кога се одделувала од грчката црква.

– БПЦ сака да се реши статусот на Македонската црква и не може да се држи настрана од тоа прашање, но истовремено не сака да ги наруши каноните, изјави митрополитот Антониј.

Нагласи дека има многу теми за разговор меѓу Бугарската и Руската православна црква, но односите отсекогаш биле многу добри и не зависат од политичкото расположение.

– Има многу проблеми и духовна празнина. Недостиг на љубов наспроти зголемувањето на егоизмот во односите меѓу луѓето, што претставува предизвик за сите православни цркви. Политичките односи се базираат на дневни случувања, додека политиката на Црквата е вечна, наведе митрополитот Антониј.

Патријархот Московски и на Цела Русија, Кирил. за време на престојот во Софија, освен со бугарскиот патријарх Неофит, ќе има средби и со претседателот на Бугарија Румен Радев и со премиерот Бојко Борисов.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...