Почетна Коментар За доследноста на рускиот Патријарх
За доследноста на рускиот Патријарх

За доследноста на рускиот Патријарх

643
1

Уште еден шок за протагонистите на проруската политика во Македонија им приреди Москва,  овој пат лично преку Патријархот Московски Кирил.

Поглаварот на Руската православна црква, кој денеска допатува во Софија за да учествува на одбележуваето на 3 март, денот на ослободувањето на Бугарија од османлиите, Патријархот Кирил ги дефинираше Светите Кирил и Методиј, како бугарски профстеители, од кои Русија го добила православието.

-Руската Православна Црква отсекогаш посчувала дека бугарските православни мисионери, учениците на Свети Кирил и Методиј, во X век, ги просветија нашите предци во Светата Православна вера. Го приближиле народот до словенското писмо и ја отворија ризницата на христијанската култура и светоотечката мисла. Без бугарско православие, немаше да има Руско Православие. Преку бугарско православие, рускиот народ ги доби темелите на Православната вера од Бугарија “, изјавил Патријархот Кирил во поздравниот говор прег Синдоот на бугарската православна црква.

Оваа изјава на рускиот Патријарх, ќе ги разочара заговарачите на тезата за блискост со Русија.

Но, она што е многу поинтересно во оваа изјава на рускиот Патријарх е што таа покажува како црквоните великодостојници се во функција на политичките агенди.

Пред неполна година, за време на посетата на Претстедателот Ѓорге Иванов на Русија, Патријархот Кирил лично му благодари на Иванов, што денешните Руси писменоста ја добиле од Македонија.

-Рускиот и македонскиот народ ги обединува заедничката историја, мисијата на светите Кирил и Методиј. Овде нашите предци првпат слушнаа богослужби на словенски јазик, беа воведени во духовната ризница на православната традиција, изјави во мај 2017 Рускиот Патријарх Кирил.

Среќа што Србија нема некој голем култ кон Светите Кирил и Методиј…

 

Коментар(1)

  1. Еееј, Цркво Христова! Добро е што луѓето прават разлика меѓу Христовите помазаници на земјата и Самиот Христос. А само благодарение на светлината што им ја дава Бог во умовите и срцата нивни. Инаку одамна ќе немаше вера на светов.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *