Рускиот патријарх и отвoрено шири ерес – го Благословува нуклераното оружје

Date:

Share post:

Рускиот патријарх Кирил се надмина себе си и погази се што може да биде христијанско учење и врендност, само да му се допадне што повеќе на рускиот претседател Владимир Путин. Последното од серијата скандалозни насатапи е поврзано со Благословување на нукеларното оружје. Кирил внесува тежок ерес во христијанската догма, твредеќо дека Христијаните не требало да се лашат и од војна и од смрт, ниту пак од нукеларното оржје. Соред него војната на Русија во Украина била свтеа и веројатно целта треба да ги оправда сите средства.

Во последната негова изјава вели дека нема потреба да се поттикнува страв за нуклеарното оружје бидејќи христијаните не се плашат од крајот на светот.

– Предавањето страв за можни апокалиптични сценарија, прекумерната алармност и шпекулациите за нуклеарното прашање не се корисни од духовна гледна точка. Непријателот на човештвото се обидува да сее вознемиреност во срцата на луѓето затоа што полесно се манипулира со личност лишена од духовниот свет… Не треба да си играме со сето тоа бидејќи христијаните не се плашат од таканаречениот крај на светот. Го чекаме Исус, кој ќе дојде во голема слава, ќе го уништи злото и ќе им суди на сите народи – рече Кирил  на пленарната седница на 26. Светско руско народно собрание.

Тој додаде дека тоа не значи дека треба да се седи со скрстени раце.

– Напротив, нашата земна мисија е да бидеме војници Господови, да се спротивставиме на злото и да ги браниме високите морални идеали. Тоа е целта во Русија – рече тој.

Кирил им се заблагодари на руските научници за развојот на, како што рече, „неверојатното оружје“.

Иако е врховен верски водач, московскиот патријарх често ги коментира политичките процеси во земјата со поддршка на политиката на Владимир Путин.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...