Руски свештеник обвинет за „отворено навредување на општеството“

Date:

Share post:

Во Русија, православниот свештеник Јона Сигида бил уапсен, физички малтретиран и обвинет за „отворено навредување на општеството“, по изјави и статии критички кон државните митинзи и празници, јавува медиумската платформа Forum 18, цитиранa од Eurasia Review. 

Според извештајот, на 27 ноември 2025 година, припадници на Националната гарда, Федералната служба за безбедност (FSB) и Истражниот комитет упаднале во црква во регионoт Краснодар, каде што Сигида служи. При претресот биле запленети електронски уреди, парични средства и документи; црковниот простор бил претворен во „хаос“, како што опишуваат парохјаните — со испразнети „кружки“ (доброволни прилози) и расфрлани предмети. 

По апсењето, Сигида бил задржан преку ноќ, а неколкумина сведоци тврдат дека бил применет и физички притисок: тепан, шокиран со пиштол за струен удар и принудно ошишан. Утредента, судот во Славјанск-на-Кубани го ставил под куќен притвор до крајот на јануари 2026 година. 

Како официјален повод за обвинението е наведена содржината на неколку статии на црковниот веб-сајт, каде Сигида го критикувал екстремното државното славење на „Денот на победата“ (9 мај), како и други прослави на воената мож и слава. Тоа е квалификувано според член 354.1 од Кривичниот законик — „рехјабилитација на нацизмот“ и „јавно навредување на симболите на воена слава и комеморативните датуми на Русија поврзани со одбраната на Татковината, како и сквернавење на симболите на воената слава на Русија, навреда на сеќавањето на бранителите на Татковината или понижување на честа и достоинството на ветеран од Големата патриотска војна“. 

По овој случај, верската заедница во регионот ја доживеала ситуацијата како напад не само на еден свештеник, туку на слободата на вероисповед. Параохјани од црквата истакнувале дека со вакви мерки државата се обидува да замолчи секое критичко мислење — особено ако тоа доаѓа од независни во мислењето црковни структури. 

Во контекст на меѓународните обврски на Русија — членка на Конвенција на Обединетите нации против тортура — тешките обвиненија за тортура, непочитување на слобода на изразување и вероисповед заслужуваат сериозна соработка со меѓународни организации. Во спротивно, овие настани се загрижувачки знак за пораст на репресијата врз верските малцинства и независните религиозни заедници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img