Руската православна црква го повлече првиот чекор и го прекина сослужуваењето со петмиина владици на БПЦ, кои минатат недела сослужува си владици на Автокефалната црква на Украина. Руската црква ги екскомуницираше митрополитот Пловдивски Николај, Митрополитот Старозагорски Кипријан, Доростолскиот митрополит Јаков, Величкиот епископ Сиониј и Смолјанскиот епископ Висарион.
-Синодот на Руската православна црква изразил длабока тага поради фактот што архиереите на Бугарската православна црква, митрополитот Пловдивски Николај, митрополитот Старозагорски Кипријан и митрополитот Доростолски Јаков, епископот Велички Сиониј и епископот Смолјански Висарион сослужувале со претставници Православната црква на Украина, што, според соопштението на Руската Црква, „предизвика сериозна штета на односите меѓу Руската и Бугарската православна црква“. Учесниците на заседанието констатирале „неможност да сослужуваат со споменатите архиереи, кои стапиле во црковна заедница со расколниците“, стои во одлуката на Руската црква.
Ова е практично прв чекор кон конечно прекинување на односите меѓу Црковна Москва и Црковна Софија, што најверојатно ќе се случи по изборот на нов бугарски Патријарх. Не е исклучено на првата литургија по устоличувањето новиот бугарски патријарх да го спомне името на поглаварот на ПЦУ, Епифаниј.
На 19 мај 2024 година, во манастирот Балаклија во Цариград, Вселенскиот Патријарх Вартоломеј чиноначалствуваше со Литургијата, на која присуствуваа претставници Православната Црква на Украина. Меѓу сослужителите беа и архиереите на Бугарската православна црква: митрополитот Пловдивски Николај, Митрополитот Старозагорски Кипријан, Доростолскиот митрополит Јаков, Величкиот епископ Сиониј и Смолјанскиот епископ Висарион.

